ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изјави по повод 24 годишнината на ЦИВИЛ

November 24, 2023 21:32
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И оваа година, истакнати личности од светот на политиката, медиумите, уметноста, академијата, граѓанското општество и бизнисот дадоа свој осврт кон ЦИВИЛ. Следи преглед од пораките што беа објавени во текот на денешниот ден.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, напиша дека „ЦИВИЛ е доверлив партнер во градењето на нашата држава како демократска заедница“.

Лидерот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, меѓу другото, напиша дека „ЦИВИЛ е значаен ентитет за афирмација на човековите права“.

Зоран Заев, општественик и лидер, меѓу другото истакна дека „ЦИВИЛ отворено се бори за мултикултурализам и градење мостови на пријателство и соработка“.

Јане Ѓорѓиоски, сатиричар, уредник во Фронтлајн, напиша: Еднаш ЦИВИЛ, засекогаш ЦИВИЛ!

Проф. д-р Катерина Колозова, истакната интелектуалка и филозоф со светско реноме, напиша дека „ЦИВИЛ покажува доследна посветеност на курсот на демократијата и евроинтеграциите“.

Новинарот Сотир Трајков, напиша дека „ЦИВИЛ е на вистинската страна на историјата“.

Илија Димовски, политичар, поранешен пратеник и истакнат функционер на ВМРО-ДПМНЕ, ѝ посака професионални успеси на организацијата и во иднина, велејќи дека не се согласува со ставовите на ЦИВИЛ, но и дека „не мора да се согласуваме, но треба да се почитуваме“.

Новинарот Зоран Иванов напиша текст во кој даде високи оценки за ЦИВИЛ, со наслов „Дваесет и четири лета идеализам и самопрегор“.

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети нотира дека „ЦИВИЛ ќе биде запаметен по тоа што ги отвораше и им даваше јавност на ризични теми и појави“.

Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, напиша едиторијал посветен на 24-годишнината од основањето, со наслов: „По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси“.

Серијалот написи посветени на ЦИВИЛ започна со текстот на извршниот и медиа директор на Слободен печат, Мирослав Јовановиќ, кој за ЦИВИЛ кажа дека е „светилник на слободата“.

И во текот на изминатите неколку години, за ЦИВИЛ говореа и пишуваа голем број истакнати личности, меѓу кои и претседателот и високите функционери на државата, политички лидери од власта и од опозицијата, водечки интелектуалци, новинари, експерти, аналитичари, уметници, активисти, дипломати, граѓанки и граѓани од сите заедници…

ЦИВИЛ им се заблагодари на сите Авторки и Автори на извонредно високите оценки што ги дадоа во своите текстуални пораки. Редакцијата при медиумската платформа на организацијата, како денеска, така и утре и во наредните денови ќе ги објави сите текстови пристигнати на оваа тема.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Tags: изјавиЦИВИЛ
Next Post

Николовски: Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk