ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Станкоски од ДИЗ: Преку камери ќе се контролира и санкционира палењето на стрништа во земјава

November 24, 2023 15:46
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Со помош на камери поставени на антените на телекомуникациски оператор на 10 локации во земјава, Државниот инспекторат за земјоделство ќе го контролира и санкционира палањето стрништва во земјава.

Проектот кој стартува деновиве како пилот проект, го најави Јане Станкоски, директор на инспекторатот.

 Склучивме договор со кој што на 10 локации во нашата држава на антените на операторот имаме камери со зум од 10 километри, со кои што можеме да ги видиме и да ги санкционираме земјоделците кои што ги палат своите стрништа. Овие камери се сензитивни на чад и нашите инспектори преку порака на СМС или е-mail се алармираат дека на тие локации каде што е камерата поставена има пожар. Потоа заедно со  службите на противпожарната и полицијата одиме на лице место и ги пронаоѓаме сторителите или реагираме да се спречи пожарот и да нема поголеми проблеми –  објаснува Станкоски.

Палењето на стрништа е сериозен проблем во земјава и само од почетокот на годината до сега се направени 114 записници за ова казнено дело, но откриени се само четири сторители. Токму камерите со голем зум ќе помогнат не само во навременото откривање и спречување на пожарите, туку и во санкционирање на сторителите и нивно казнување.

– Ова е проблем особено во Кочанскиот регион, во Пелагонискиот регион и во Тетовското поле каде има житни култури. Нашите земјоделци имаат некоја традиција и мислат дека ако го запалат стрништето, полесно ќе го обработуваат понатаму. Тоа е грешка и ние се обидуваме да ги едуцираме – вели Станкоски.

Се работи за пилот проект со кој од Инспекторатот се надеваат дека од наредната година ќе биде опфатена целата држава.

– Ова е една модерна технологија која што сигурно ќе придонесе како за нас, така и за противпожарната служба и за службата за интервенции. Ова е нешто што го има секаде ва светот и ние се приклучуваме на таа модерна технологија – вели Станкоски.

Извор: 24Инфо.мк
Next Post

Се очекува првите ослободени заложници на Хамас да бидат жени и момчиња тинејџери

НАЈНОВО

Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци

August 28, 2025

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

August 28, 2025
Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk