Последните 14 кандидати за новиот состав на ДКСК одговараа денеска пред пратениците за нивните визии и зошто претендираат да влезат во борбата за спречување на корупцијата.
За новиот состав на Антикорупциската комисија пријавени се 42 кандидати, од кои речиси половина од нив беа интервјуирани во текот на вчерашниот ден.
На интервјуирањето на кандидатите беа присутни пратеници од опозицијата и власта како и невладини организации, здруженија.
Кандидатите беа испрашувани за актуелни теми како договорот со Бехтел и Енка, но и за тоа што тие како можни идни членови на Антикорупциска би направиле за да ја подобрат борбата против корупцијата, како и кој е нивниот мотив за пријавувањето.
До крајот на следната недела по поединечното бодување ќе се знае кој го минал комисискиот филтер. Новиот состав на ДКСК што брои шест членови и еден претседател треба да стапи на сила на 8 декември.