ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Мурал на маестро Џамбазов во Дебар Маало

November 27, 2023 10:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ангелика Апсис на нејзиниот Фејсбук профил објави дека маестро Александар Џамбазов и „Златно славече“, добиваат мурал во Дебар Маало во Скопје – „Маестро Џамбазов и златните славејчиња во срцето на Дебар маало“.

Во коментар под објавата се наведува дека автори на муралот се Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најавува настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот “Златно славејче” на 25 јануари наредната година, кога ќе се одбележи двегодишнината од неговата смрт.

„Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја. Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот „Златко Славејче“, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен Александар Џамбазов“, вели Герасимовски.

Фестивалот „Златно славејче“ бил основан во ноември 1970 година од страна на композиторот Александар Џамбазов (кој бил уметнички директор на фестивалот), поетот Васил Пујовски и Благоја Јордановски (во тоа време, секретар на Советот за грижа и воспитување на децата на Град Скопје). Тој е најстариот детски музички фестивал на Балканскиот Полуостров и вториот најстар во Европа.

Александар Џамбазов роден во Стапар, 3 февруари 1936, почина во Скопје, 25 јануари 2022, е македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика.

Ј. Ѓ.

Tags: Александар Џамбазовмурал
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Во Косово документирани 13.535 убиени и исчезнати лица од војната во 1998-1999 година; експерт за безбедност тврди дека Радоичиќ патувал до Москва; експлозија на северот на Митровица

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk