РИБАРО
И сега што правиме пулени мои непрокопсани? Комуњариве пак нè извеслаа. Не отепаа со новиве антикризни мерки што ги донесоа. Џабе сега ни е национализам билдање и приказни за Бугари кажување, кога со овие пари Таче и компанија го помагаат народов во овие никакви времиња, реагирал нервозно Мицкоски откако ги чул новите антикризни мерки што ги донесе Владата за наредните 6 месеци.
Слушавте што соопштија:
Новиот пакет мерки е во вредност од 662 милиони евра. Со нив се опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании. Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата. Ученици, студенти, ранливи категории семејства, пензионери со ниски пензии, лица со посебни потреби, самохрани родители приматели на гарантирана минимална помош, земјоделци, како и компании, се опфатени со 26-те нови антикризни мерки што вчера ги усвои Владата.
– Ама шефе ќе кажуваме дека тоа се предизборни финти и дека ќе го лажат народот, се осоколил еден вмровец.
– Какви предизборни финти мамлаз еден, кога народот ќе осети промена, а најмногу најранливите.
Овие даваат пари за народот ние кога бевме власт спичкавме толку пари на Скопје 2014, за стиропор и споменици. Како ќе го објасниме тоа?
А и она со Левица дека ќе коалицираме што се закопав ич да не го спомнувам.
Еве од 1 декември и евтина тарифа на струја ќе воведат,
Со сиот ум мислите дека некој ќе не есапи за сериозно ако одиме со тие приказни?!
Мислете како да се вадиме од калта. Со анкетиве веќе ни се смеат, а ене ги каде се изборите, констатирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK