Денес попладне во Скопје почна Министерската конференција на ОБСЕ, на која ќе присуствуваат педесетина министри за надворешни работи, меѓу нив и американскиот државен секретар Ентони Блинкен., како и новоизбраниот британски министер за надворешни работи, Дејвид Камерон.
За време на неколкучасовниот престој во Скопје, американскиот државен секретар на одделни средби се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, а потоа присуствуваше на неформалната вечера на министрите во хотелот „Александар палас“, по што си замина од Самитот на турнеја на Блискиот Исток во обид да го одржи кревкото хуманитарно примирје додека се разменуваат заложници помеѓу Израел и Хамас.
Покрај Блинкен, по неформалната вечера си замина и британскиот министер Џејмс Камерун и уште неколку други министри.
Тие не го дочекаа рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој требаше да пристигне по 22 часот, не оставајќи простор за шпекулации околу можна средаба со рускиот претставник.
М. Д. / Цивил Медиа