ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Да создадеме општество со еднакви можности и пристап на сите до ресурси за личен развој

November 30, 2023 11:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Деветта Меѓународна конференција за жените и девојчињата Ромки и жените и девојчињата патувачи, се реализира денеска во Скопје, во организација на Советот на Европа и Владата на Република Северна   Македонија. Се дискутира за предизвиците, проблемите но и за решенијата. Да се види каков напредок е постигнат во интеграцијата на жените и девојчиња Ромки и Патувачи, да се споделат искуства и да се истакнат предизвиците на кои треба во иднина да се работи.

Наша обврска е да создадеме општество во кое граѓаните, независно на која етничка заедница и припаѓаат ќе се чувствуваат сигурно и ќе имаат еднакви можности и пристап до ресурси за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира, општество кое обединува, а не прави делби, односно општество кое вклучува, а не исклучува, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Напорите кои ги вложуваме во унапредувањето на статусот на жената Ромка во нашата земја, како што посочи Тренчевска, произлегуваат од Стратегијата и националните акциски планови за Ромите во Северна Македонија, како и од посебниот Акциски план за жената Ромка.

Наша обврска е, дополни таа, е да преземаме мерки и активности за надминување на оваа состојба, за вклучување децата Роми во предучилишното образование, за вклучување на децата Роми во образованието, за нивно згрижување во дневни центри со цел да им се даде поддршка, но  и на нивните родители.

– Се поставува прашањето дали сме успеале, дали сме направиле се?  Факт е дека секогаш може во овој процес да бидеме подобри, поуспешни и поефикасни и токму тука го гледам значењето на оваа конференција, рече Тренчевска, заблагодарувајќи се на  Советот на Европа за досегашната заедничка успешна соработка за побрза интеграцијата на ромската етничка заедница, посебно интеграцијата на жени жените Ромки.

Таа нагласи дека државава особено внимание посветува на родовата еднаквост, на економско јакнење на жените, поддршка на младите, како и вклучувањето на родовата перспектива во политиките од сите сфери на општествено дејствување.

– Како држава работиме на имплементација на целите поставени во Пекиншката декларација за вклучување на родовата перспектива во државните политики и нашата Стратегија за родова еднаквост е изработена на темелите на Стратегијата за родова еднаквост на Советот на Европа за периодот 2018-2024 година, подвлече Тренчевска.

Политиките на Владата, појасни таа, се фокусираат на превенција и борба против родови стереотипи и сексизам, превенција и борба против родово базирано насилство, еднаков пристап до правда за жените, балансирано учество на жените и мажите во донесување одлуки, заштита на правата на жените и девојките баратели на азил, мигранти и бегалци и интеграција на родовите политики, особено родово одговорно буџетирање во институциите на централно и локално ниво.

Пред присутните се обрати и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, истакнувајќи дека  еден од основните принципи на програмата на Владата е стратешката определба да гради општество еднакво за сите.  – Сметам дека имаме многу направено во овој дел, рече Маричиќ.

Tags: КонференцијаОБСЕ
Next Post

Бектеши - Сијарто: Заедничка координација на Северна Македонија и Унгарија за идни чекори за поставената такса на руски гас од Бугарија

EVN

НАЈНОВО

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk