ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европа парализирана од снег и студ

December 3, 2023 20:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска вчера беше зафатена од студено време проследено со снег. Најмногу снежни врнежи се забележани во Лика и Горски котар, во источниот дел на Хрватска, во низините и во централна Хрватска. Снег паѓаше и во Загреб, Сисак, Вараждин, Бјеловар…

Денеска во претпладневните часови беше умерено до претежно облачно, на места со слаб снег, на море врнежи од дожд, а локално можна е појава на дожд и грмежи во Далмација кон островите.

На планините сè уште паѓа снег, а во сила е жолтото метео предупредување. Портокалово и црвено предупредување е во сила во северниот дел на Јадранот поради урагански ветрови.

Во некои делови на Словенија поради обилните врнежи во прекин е снабдувањето со електрична енергија и сообраќајот е запрен.

Пожарникарите интервенирале поради паднати дрвја, од кои дел паднале и на далноводи, што предизвикало прекин на струјата во некои области.

Големо количество снег наврна во областите Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горењска.

Дирекцијата за заштита и спасување евидентирала 21 интервенција поради обилните снежни врнежи, најмногу во регионалниот центар Словењ Градец, а потоа и во Целје, Љубљана, Марибор и Птуј, пренесуваат словенечките медиуми.

Поради силното невреме затворена е делницата на автопатот од Приморска до Љубљана. Во Љубљана снежната покривка достигна четири сантиметри.

Над сто летови од аеродромот Схипхол во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови ја зафати Холандија, пишува Ројтерс.

Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам објави дека се откажани речиси 150 дојдовни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.

Аеродромот во Минхен ги обнови летовите во 6 часот наутро, откако беше затворен поради обилните снежни врнежи, објави оперативната компанија на својата веб-страница. Сепак, се уште има ограничувања во воздушниот сообраќај, соопшти компанијата. На патниците им се препорачува да го проверат статусот на нивните летови пред да патуваат. Летовите беа привремено прекинати вчера поради обилниот снег во јужната германска покраина Баварија.

Обилните снежни врнежи парализираа особено големи делови од јужна Германија, вклучително и железничкиот сообраќај. Портпаролката на германскиот железнички оператор Дојче Бан предупреди дека до утре се очекуваат големи ограничувања на железничкиот сообраќај во јужна Германија. Сообраќајот на главната железничка станица во Минхен денеска остана во застој и се очекува да трае најмалку до утре во 10 часот.

Зимското време не ја зафати само Баварија. Проблеми поврзани со временските услови имаше и на патиштата во некои области во северна Германија. Денеска за поголеми делови од Баварија не е предвиден нов снег, но се очекуваат неколку сантиметри нов снег во источните ниски планински масиви и на Алпите. Јужно од Дунав на некои места би можеле да бидат измерени температури од минус 10 до минус 15 степени.

Г. Т.

Tags: воздушен сообраќајевропажелезнички сообраќајпрекинснегструјастуд
Next Post

Градоначалничката Арсовска не одговара на новинарски прашања, но сепак се заканува со тужби за новинари

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk