„Нема да дозволиме било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години – ние сме за слободно, а не за затворено општество“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел.
Тој во Брисел учествуваше на семинар на тема: „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент.
„Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека проевропскиот фронт ќе се бори да ја спаси државата од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што е убеден дека ќе успее, заедно со граѓаните демократи.