ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН набави ИТ-опрема за безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 основни училишта

December 5, 2023 14:37
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран од Светска банка.

-Во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет пристап во сите училници, кабинети, канцеларии, спортски сали и придружни објекти, а паралелно се поставуваат и заштитни firewall-уреди, кои гарантираат безбеден пристап, со тоа што се приклучени на централен систем за управување во МОН кој го контролира пристапот до содржините на интернет, оневозможувајќи отворање веб-сајтови што на глобално ниво се означени како страници со несоодветна содржина, информира МОН.

Во соопштението се додава дека активноста е дел од заложбите за забрзување на процесот на дигитализација на образованието како глобален тренд кој овозможува бројни придобивки за граѓаните и ги заштитува учениците од влијанието на несоодветни содржини.

-Потсетуваме дека претходно, во текот на оваа календарска година, за повеќе училишта МОН набави и нови персонални и преносни компјутери, смарт табли, 3Д-скенери, печатари, проектори, системи за складирање и управување со податоци и слично. Дополнително, беа набавени нови наставни и нагледни средства за кабинетите по предметите од групата на општествени науки, како историја и географија, а беа обезбедени и целосно нови кабинети по природни науки во сите основни училишта, со што наставата значително се модернизираше, наведува МОН.

Next Post

Ковачевски: Успесите на домашните компании се инвестиција во економскиот раст, го јакнеме приватниот сектор, создаваме поволен деловен амбиент

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk