Во вечерната емисија Топ Тема на Телма, членот на ИО на СДСМ – Андреј Петров рече: „Целта кон којашто се стремиме сите е да станеме членка на ЕУ до 2030 година а можеби и порано. Со цел да имаме помалку криминал, подобро образование и да немаме корупција. Сите ветувања напразно ја кочеа државата и ја држеа заробена 14 години кадешто немаше соживот и еднаквост за сите граѓани’’
Петров додаде дека не смее да има раздробуваање на тиквото на сите оние што сметаат дека погрешна е перцепцијата на стратешките парнтери на државата. Забелешките коишто ги доби државата од нејзните стратешки парнерни се коректни а за опозцијата рекоа дека ни кола не би купиле од нив.
„Изборите се во редовен термин тоа е факт, тоа е единствениот термин кој овозможува редовни избори. Првиот рок за претседателски избори е 14-ти март, а последниот е 8-ми мај. Првиот рок за парламентарни избори е 5-ти мај, меѓутоа со оглед дека е Велигден невозможно е да има избори. Согледувајќи ги сите аспекти 8-ми мај беше денот кој беше прифатлив и за опозицијата и за сите. После 18 години државата за првпат ќе има избори во редовен термин и тоа е добар исчекор после оние постојани предвремени избори што ги имавме 17 години наназад. Одлуката е коректна и се заштедуваат четири милиони со тоа што изборите ќе бидат на овој начин организирани“, рече Андреј Петров
Петров рече дека непоходно е да имаме поддршка на европскиот коцепт а не тераме чист популизам и не е битно кој од која етиничка припадност доаѓа туку каков е човекот и пред се’ дали и мисли добро на државата и на граѓаните за да се обезбеди подобар живот.