ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ВИДЕО) Мицкоски да не бега од прашањата за неговите средби со Љупчо Палевски

December 5, 2023 15:59
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веднаш по лидерска средба  во Собранието на 4 декември, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски излезе на прес конференција, но избегна да одговори на прашањата околу негови средби со Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Повод за овие прашања беше неговото изразување сочувство со родителите на убиената Вања Ѓорчевска, за која првообвинет е Љупчо Палвески.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2023/12/miczkoski-odbiva-da-odgovori-za-vrskite-so-palevski.mp4

„Да се задржиме на темата“ и „Убав ден да имате“ беа единствените коментари на Мицкоски на инсистирањето да одговори дали се среќавал со Палевски и за што разговарале на средбите за кои се тврди дека биле три, една во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и две во неговиот дом.

Во јавноста остана да „висат“ овие прашања без одговори, но започнаа да се појавуваат информации кои наведуваат дека Мицкоски сепак имал блиски средби со Палевски.

Порталот Инфомакс објави дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најмалку три пати се сретнал со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска и Жежовски Панче, Љупчо Палевски – Палчо.

Порталот тврди дека „за средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало“.

Меѓу другото, Инфомакс уште пишува дека и самиот Палевски во неколку наврати на јавни настапи и самиот кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.

За ова второто, за соработка за делување во политичкото подземје, се доведува во врска објавата на лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев, чиј сопартиец, кандидат за градоначалник и советник во Општина Велес е убиениот Панче Жежовски, за кој МВР и ОЈО имаат основани сомневања дека е исто така жртва на Палевски.

Објавата на Бачев е од 2019 година и во неа тој вели дека „Мицкоски започнува специјална војна против мене и Единствена Македонија, на две нивоа. Прво, ја задолжува внатрешната шпионска служба на ВМРО-ДПМНЕ наречена КСИО да ме следи по Македонија (на фотографијата е извештај на КСИО до Мицкоски од моето следење); и како втора активност „ги повикува одвоено Љупчо Палевски и Миленко Неделковски да им раскаже лажна приказна и да рашират дека Единствена Македонија и јас сме луѓе на Заев и дека пари ни дава министерот во МВР, Спасовски. Мицкоски да биде убедлив, им рекол на Палевски и Миленко дека има и фотографии како јас сум одел кај Спасовски, нека почнат со мое оцрнување, а за брзо време ќе им даде и фотографии да објават“.

Извештај на КСИО на ВМРО-ДПМНЕ до Мицкоски според објавата на Јанко Бачев на Фејсбук

„И Миленко и Палевски измамени од Мицкоски, тргнаа во мое оцрнување со лагите на Мицкоски“, пишува Бачев и „притоа, го потсетувале Мицкоски да им даде фотографии, но, овој само срамежливо се правдал во стилот, кај и да е ќе ги добијат, по што на Миленко и Палевски им станало јасно дека Мицкоски наменски ги користи за да ме оцрнува во јавноста“.

На крајот Бачев заклучува: „Помина повеќе од година, ни фотографии, ни бутур!“

Секако, никој денеска не сака да биде поврзуван со Љупчо Палевски, особено на политичарите, но трагите од нивните претходни средби и настани се видливи на мрежата, а најдобар одговор на овие ситуации е транспарентноста и вистината.

Одбивањето на Мицкоски да одговори на поставените прашања не е во согласност со овие принципи на отчетноста, особено кога истото тоа видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, а и партијата,  го бараат од Министерството за внатрешни работи или ОЈО, па уште и инсинуираат дека полицијата била премногу зафатена со обезбедувањето на гостите на Министерскиот совет на ОБСЕ во деновите на киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Министерот Спасовски категорично го демантираше тоа и укажа дека сосема различни тимови и во полн капацитет работеле на ОБСЕ самитот и во расчистувањето на грабнувањето и убиството на малолетничката Ѓорчевска.

Преземено од Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Љупчо ПалевскиХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk