Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи по повод „Денот на Вооружените Сили на Украина“ им се заблагодари на припадниците на украинската армија за самопожртвуваноста, храброста и нескршливоста.
„Честит Ден на Вооружените Сили на Украина! Секој ден се заблагодаруваме за животот, Независноста, заштитата, силата, самопожртвуваноста, храброста, нескршливоста. Победа на славните Вооружени Сили на Украина!”, се наведува во објавата од амбасадорката Дир.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Денот на вооружените сили на Украина им оддаде споменот на украинските бранители кои ги дадоа своите животи за својата татковина. соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Укринформ.
Зеленски положи цвеќе на Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина во близина на катедралата Свети Михаил во Кијив.
Како што е наведено, војници на почесната украинска гарда положија венец со цвеќе од украинскиот народ на Ѕидот на меморијата.
Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите бранители на Украина.
Зеленски и во видео обраќање им го честиташе на украинските војници Денот на вооружените сили на Украина, кој се одбележува на 6 декември.
Според него, ова е денот на силните, денот на храбрите, денот на неукротливите, на мажите, жените, војниците, хероите и сите оние кои продолжуваат да ја бранат државата и кои ги дале своите животи за Украина.
Подготви: Ј. Ѓ.