ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Агелер: Членството на Северна Македонија во ЕУ е клучно за спроведување на реформите

December 7, 2023 16:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Share on FacebookShare on Twitter

Членството на Република Северна Македонија во Европската Унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори, поради неспроведените уставни измени уште еднаш повтори дека ставовите на САД се јасни во однос евроинтегративниот процес во земјата.

– Во секој случај нашите ставови се јасни. САД како што знаете не е членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро, изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање.

Таа не сакаше да го коментар ставот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за опозицијата, кој во интервју за „360 степени“ во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат и дали има шанси за интервенции во Преговарачката рамка рече дека нема да има подобра понуда.

-Јас мислам… Не. Видите, има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ти кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така. Но, тоа е избор кој го прават гласачите овде. Јас не гласам овде. Луѓето може да изберат што сакаат, нагласи О‘ Брајан.

Тој повтори дека САД ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за ЕУ и мисли дека мнозинството граѓани сака да е дел од Европа.

-Некои политички структури мислат поинаку, некои можеби добиваат пари од некои места, некои имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште. Но, мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа. Овој конкретен компромис, мислиме дека е само дел од тоа како една држава станува целосно европска. САД не се членка на ЕУ, како што редовно не потсетуваат, но ЕУ е изградена на компромиси, рече О‘ Брајан.

Tags: АгелерЕУСАД
Next Post

ОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk