Иако Министерството за внатрешни работи брзо го разреши случајот со грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, а дел од осомничените и притворени сторители веќе и го признаа делото, новинарите Ивона Талевска и Драган Павловиќ – Латас на српски медиуми ја клеветат полицијата.
Тие изнесуваат шпекулации и полувистини со кои се обидуваат да ја искритикуваат работата на полицијата и да претстават дека тие, како новинари, имаат повеќе и попрецизни информации од службите.
Латас во изјава за „Прва“ вели дека тој редовно неколку часа пред полицијата ги добива информациите за движењето на осомничените за убиствата, што само го отвора прашањето зошто тогаш ги крие ваквите информации и не ги споделува со полицијата за да помогне во истрагата.
Од друга страна, Талевска шири дезинформации дека нивото на безбедност во Скопје било ужасно и дека харале криминални банди по улиците.
Симптоматично е што токму Талевска и Павловиќ се тие кои во странски медиуми неосновано изнесуваат клевети за полицијата, ако се знае дека тие беа блиски соработници со режимот на Груевски, кога земјава беше оценета како заробена држава и кога од „бомбите“, јавноста имаше можност да слушне како се злоупотребувало Министерството за внатрешни работи за партиски цели.