ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Што се крие зад соработката на Палевски и владиката Петар?

December 8, 2023 19:57
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се погласно се зборува за чудната врска и поврзаност помеѓу главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо и лица од црковните кругови, кои го поддржуваа, му даваа информации и логистика.

Партијата на Палчо, Десна, заедно со Владиката Петар собираа потписи за т.н. декларација за МПЦ-ОА, која што воопшто не соодветсвува со православното црковно учење, туку беше исполнета со национализам и етнофилетизам кој се смета за ерес во црквата. На тоа реагираше и заедницата на Власите во Северна Македонија, а самиот Палчо се фалеше дека дека собрал над 50.000 потпишани декларации и му ги предал на Петар. А за тоа на ФБ сподели и потврден документ од Петар упатен на негово име, за примопредавањето на декларациите.

Поддршка за собирањето на потписите и ваквата декларација јавно даваа и  и митрополитот Кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Агатангел.

За блиските врски меѓу Палчо и владиката Петар сведочат сликите споделувани на социјалните мрежи, а во еден од неговите поткасти, Палчо истакна дека со благослов од Петар бил испратен и во Москва.

Дополнително прашање кое се наметнува е кој ја контролирал заштитата на личните податоци на луѓето кои се потпишале на оваа т.н. декларација и со кого се биле споделени таквите информации од граѓаните. Доколку се земе како точна бројката која ја соопшти Палчо, 50 илјади потпишани декларации, тоа е една цела база на податоци, која може да биде злоупотребена за политички или криминални цели.

За врските помеѓу Палчо и луѓе во црковните кругови реагираа и монасите од Бигорскиот манастир, кој кажаа дека тие и нивниот игумен често биле мета на навреди и закани од страна на Палчо и луѓето околу него.

„Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество?“ реагираа од Бигорскиот манастир.

Next Post

Пратеникот Јован Митрески предлог од СДСМ да го замени Џафери на претседателското место во Собрание

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk