ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Скрининг процесот заврши, патот за успешна евроинтеграција на Северна Македонија е трасиран

December 8, 2023 19:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера, Во Брисел заврши последниот Билатерален состанок од Поглавјето 31 во рамки на Кластерот 6, во Европската Комисија, кој започна на 15-ти септември 2022 година. Заменикот претседател на Владата за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ, во Брисел, посочи дека длабинскиот процес ја нагласува посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, што ја покажува решителноста и сериозноста на Владата.

На објаснувачките и билтералните скрининг состаноци учествуваа околу 1000 претставници на над 200 различни институции, а беа подготвени 850 динамични презентации, што е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ, велат од Владата и нагласуваат дека со тоа е поставена солидна основа за продолжување на идните реформи, што ќе помогнат Северна Македонија што поскоро да стане полноправна членка на ЕУ.

Од Владата истакнуваат дека Процесот на скрининг се одвиваше според утврдената динамика.

„Од првата меѓувладина конференција на 19 јули 2022 година кога официјално започнаа преговорите со Европската Унија, се одвиваа ажурирањата на објаснувачките скрининзи за европското законодавство од 2019 година, и билатералните скрининзи за сите 33 поглавја поделени во 6 кластери, имено следните кластери: Темели, Внатрешен пазар, Конкурентност и инклузивен раст, Зелена агенда и одржлива поврзаност, Ресурси, земјоделство и кохезија и Надворешни односи. До крајот на годината се очекува доставувањето на клучните документи кои се обврска од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците. Во текот на скринингот, сите институции посветено и одговорно дадоа огромен придонес за успешниот исход од овој процес, заедно со нашите најважни партнери, преставниците на Европската Комисија. Се Благодарејќи на помошта и поддршката на преставниците на Европската Комисија, се постави здрава, цврста основа за понатамошно успешно спроведување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди кои ќе значат и наше полноправно членство во ЕУ„, се вели во соопштението од Владата.

Оттаму нагласуваат дека „патот за успешна евроинтеграција на Северна Македонија е трасиран и не смее да се дозволи попречување на процесите бидејќи тоа само ќе значи оддалечување на државата од ЕУ“.

Оценката на Владата на Република Северна Македонија е позитивна за скринингот, а тоа го потврди и Европската Комисија во нивниот извештај за оваа година бидејќи штотуку потврди дека имаме солидно ниво на транспонирање, со тоа што наш најголем предизвик останува во областа на имплементација и градење капацитети и спроведување.

Со завршувањето на скринингот, од Република Северна Македонија се очекува да се преземат сите неопходни чекори за да се продолжи со динамиката на преговорите со ЕУ. Прифаќањето на уставните измени останува единствен предуслов за да продолжиме напред, затоа од пресудно значење е сите политички актери во земјата да покажат зрелост и да одлучат за општото добро и за просперитетна иднина на нашата држава како членка на Европската Унија. Секое одлагање и ставање во неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство е неодговорна и опасна политичка одлука“, потенцираат од Владата.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУскрининг

НАЈНОВО

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk