Првиот состанок на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца („Состанок на коалицијата“), што денеска се одржува денеска во Кијив, го отвори украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Времето е исклучително важно. За децата и родителите е важно да бидат заедно, затоа што децата може многу да се променат во текот на една година. Некогаш, дури и само еден ден е потребен. Нашите деца сега се киднапирани, насилно посвоени и се задојуваат со омраза кон Украина“; изјави Зеленски.
Примарната цел на состанокот на коалицијата е да се идентификуваат практични чекори за земјите од коалицијата, да ја поддржат Украина во нејзината мисија на враќање на депортираните и присилно раселените деца дома.
Претставници од Северна Македонија се претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.
Преземено: Цивил Медиа