ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Декларација од Самитот ЕУ-ЗБ: Потврдена недвосмислената посветеност за членство на Западниот Балкан во Унијата

December 13, 2023 15:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ и повикува на забрзување на процесот на пристапување, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови и  принципот на индивидуални заслуги е во заеднички интерес, се наведува во нацрт завршната Декларација на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел на која учествува и премиерот Димитар Ковачевски во придружба на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.  

– Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат и да се заложат за основните европски вредности и принципи. ЕУ, исто така, ја поздравува повторената посветеност на партнерите од Западен Балкан за приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото, се додава во Декларацијата.

Во документот се додава дека согласност со Декларацијата од Тирана од декември 2022 година, ЕУ ја нагласува потребата од одржливи и неповратни реформски достигнувања за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, економијата и реформите на јавната администрација.

– Се покомплексната геостратешка средина, во која доминира руската агресија врз Украина и која е силно обележана со кризата на Блискиот Исток, продолжува да ја става на ризик европската и глобалната безбедност. Тоа ја покажува важноста на единството и целта во рамките на европското семејство и на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан што ќе донесе уште поблиски врски и поинтегрирана соработка со ЕУ, заснована на заеднички принципи и вредности, се наведува во текстот.

Според учесниците на Самитот, застанувањето заедно со ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите повеќе од кога било во светлината на руската агресија врз Украина и другите безбедносни предизвици.

– ЕУ ќе продолжи да инвестира во мултилатерализмот и ќе соработува со партнерите за одбрана и одржување на меѓународниот поредок заснован на правила. Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и меѓусебни одговорности. Додека ја продлабочуваме нашата соработка со партнерите, ги повикуваме да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и за рестриктивните мерки на ЕУ и да дејствуваат соодветно. Ги пофалуваме оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја демонстрираат својата стратешка определба со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ги охрабруваме оние кои сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. Го охрабруваме и подобрувањето на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречувањето на нивно заобиколување, се додава во Декларацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: декларацијаЕУ- Западен БалканСамит
Next Post

Арктикот годинава го забележа најтоплото лето откако се извршуваат мерењата

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk