ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тензии во Чашка, полицијата со жив штит ја одбрани директорката од толпата, кој стои зад протестите?

December 14, 2023 09:20
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент кога група родители на ученици oд училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, кои трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката на училиштето во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор,  упатувајќи закани кон неа и извикувајќи погрдни зборови: „Дојди дојди, директорке, како не ти е срам , ѓубре едно“, „Удрете ја, турнете ја, оваа го направи ова“, „Уаа предавничке“.

Родителите на учениците Македонци кои следат настава во Основното Училиште „Тодор Јанев“ во Чашка и трета недела ја блокираат наставата во ова училиште инсистираат дека директорката на училиштето не го почитувала статутот на училиштето со отворањето на паралелката на албански јазик.  Како што соопшти министерот за образование Јетон Шаќири, вчера на средба со него родителите побарале тие ученици да учат во селото Сливник кое се наоѓа на околу 11 километри од Чашка. Министерот не го прифатил тоа.

„Последната нивна точка беше тие деца што сакат да следат настава на албански јазик, да продолжат во село Сливник, кој е во општина Велес. Јас не прифаќам такви барања. Додека тоа е уставно право на секој, гарантирано во тоа училиште, сакам да апелирам до сите граѓани на земјата, дека тие деца не се ниту политички субјекти, но не знаат ниту политички партии, ниту за парламентарни избори, ниту за локални, за некој да им го скрати нивното уставно право за да учат на албански јазик“, вели Јетон Шаќири.

Како што соопшти министерот за образование Јетон Шаќири, вчера на средба со него родителите побарале тие ученици да учат во селото Сливник кое се наоѓа на околу 11 километри од Чашка. Министерот не го прифатил тоа.

-Последната нивна точка беше тие деца што сакат да следат настава на албански јазик, да продолжат во село Сливник, кој е во општина Велес. Јас не прифаќам такви барања. Додека тоа е уставно право на секој, гарантирано во тоа училиште, сакам да апелирам до сите граѓани на земјата, дека тие деца не се ниту политички субјекти, но не знаат ниту политички партии, ниту за парламентарни избори, ниту за локални, за некој да им го скрати нивното уставно право за да учат на албански јазик, вели Јетон Шаќири.

Директорот на образовниот инспекторат Халит Ферати, се сомнева дека овие протести се организирани од градоначалникот на Чашка, бидејќи, како што вели, на чело на протестите е неговиот шофер, Негован Николиќ.

„Бидејќи таму протестираат луѓе кои се во општинските органи. Се покренува дилемата која многупати велам дека тоа е поврзано со тоа што градоначалникот е организатор на целата блокада на процесот. Дури и луѓе на политичкиот субјект ВМРО. Пола од демонстрантите ги знам по име и презиме. Станува збор за Негован Николиќ, возачот на градоначалникот. Помеѓу организаторите и на тие кои ја блокираат паралелката“, вели Халил Ферати.

Според Ферати, овие демонстранти одржувале тајни состаноци во манастирот во Чашка, додека дел од нив работат и во општината.

Од друга страна, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски ги демантира изјавите на Ферати. Тој за ТВ 21 изјави дека лично е за отворање на паралелката на албански јазик, но согласно законот.

„Нее! Како може тоа? Тоа е надвор од здрав памет и разум. Ниту јас ниту општината. Искрено јас највеќе сакам да се реши проблемот, но според закон. Негован Николиќ не е мој личен шофер. Единствен шофер во општината е Сашко Таневски“, порача Горан Стојановски.

Инаку, целиот проблем и причината за протестите е зошто е отворена паралелката на албански јазик без консултација на Советот на родители. Министерот Шаќири бара усогласување на статутот на училиштето со законите кои произлегуваат од Уставот.

М. Д.

Tags: образованиеЧашка
Next Post

Рашистите повикуваат на „деукраинизација“: Кремљ со геноцидна кампања за дискредитација на Украина и Западот

EVN

НАЈНОВО

Полска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски, обвинува СДСМ

April 16, 2026

СДСМ: Mицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

April 16, 2026

Камерниот оркестар Профундис со настап на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk