ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Меѓународни набљудувачи: Српските избори се одржаа под „неправедни услови“, забележани се сериозни неправилности, купување гласови и полнење на гласачки кутии

December 18, 2023 23:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
(Tanjug)

(Tanjug)

Share on FacebookShare on Twitter

Српските избори се одржаа под „неправедни услови“, велат меѓународните набљудувачи. Ден откако популистичката владејачка партија на Александар Вучиќ прогласи победа, се зголеми загриженоста за купување гласови и полнење на гласачки кутии.

Како што пренесува Гардијан, меѓународните набљудувачи изјавија во понеделникот, еден ден откако популистичката владејачка партија на Александар Вучиќ прогласи победа, дека изборите во Србија се одржаа под „неправедни услови“,

Во соопштението, меѓународната набљудувачка мисија изјави дека „предвремените парламентарни избори, иако технички добро спроведени и на гласачите им понудија избор на политички алтернативи, беа доминирани од решителната вклученост на претседателот, што заедно со системските предности на владејачката партија создаде нефер услови “.

Мисијата, која вклучува претставници од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, Европскиот парламент и парламентарното собрание на Советот на Европа, исто така заклучи дека „фундаменталните слободи генерално беа почитувани во кампањата, но таа беше нарушена со остра реторика , пристрасност во медиумите, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси“.

Загриженоста беше изразена и за избирачките места:

Забележани се случаи на сериозни неправилности, вклучително и купување гласови и полнење на гласачки кутии. Мерките за обезбедување тајност на гласот беа недоволни, се вели во соопштението.

Предходно денеска, како што јави дописникот на МИА од Белград, портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека ЕУ нема да се изјасни за изборите во Србија се додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарни резултати, додека претставникот на Руската Федерација и шеф на набљудувачката мисија на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, Дмитри Василенко, синоќа изјави дека мисијата не забележала сериозни нерегуларности за време на парламентарните и локалните избори во Србија и оти тие се одвиваат во фер и коректна атмосфера.

Вчера вечер меѓу првите, уште за време на пресот при прогласувањето на победата, на Вучиќ на лице место му честиташе претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Од лидерите на земјите членки на ЕУ, единствено унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во објава на социјалните мрежи му честиташе на Александар Вучиќ за, како што кажа, убедливата победа на изборите.

Во Белград вечерва се одржува протест на проевропската опозициска коалиција „Србија против насилство“, која бара поништување на локалните и парламентарните избори поради изборна кражба. Носителите на оваа листа на републичките избори Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ вечерва започнаа штрајк со глад до исполнување на нивните барања. Илјадници граѓани дојдоа пред седиштето на Републичката изборна комисија, а дел од граѓаните фрлаа со јајца кон зградата.

 

Извор: civilmedia.mk

Next Post

Алтернативен живот

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk