ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски на увид во завршните работи на браната „Конско“ кај Гевгелија

December 18, 2023 14:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски систем, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска извршија увид на завршите работи од изградбата на најзначајниот и најголем водоснабдителен проект Браната „Конско“ кај Гевгелија. Градежните активности треба да завршат до крајот на овој месец и по тестирањата на системите претстои официјалното пуштање во употреба на овој важен водостопански објект.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека според динамиката на работите на инсталацијата на цевководот и хидромеханичката опрема во тунелот и другите пропратни работи, финализацијата на изградбата може да се очекува идната пролет.

-Со доаѓањето на оваа Влада во 2017 година една од нашите главни заложби беше да создадеме конкурентно земјоделство, кое ќе резултира со зголемување на производството на храна, а тоа пак ќе има импакт и врз регионалниот економски развој кој Владата го стимулира и преку финансиска поддршка на новите инвестиции. Тука не завршува нашата грижа за земјоделците. Со новиот пакет анти-кризни мерки предвидена е авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата, и тоа за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството, за што се предвидени 8,1 милиони евра, рече Битиќи.

Министерот Николовски посочи дека браната „Конско“ е целосна инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вредна 40 милиони евра, што претставува и најголем капитален водостопански објект во последните 50 години.

Изградбата на браната „Конско“ е важен проект во развојот на македонското земјоделство, во наводнувањето на земјоделските површини, но важна и за развој на туризмот и јакнењето на економијата во целиот регион. Преку нов систем за наводнување и вештачко езеро со браната „Конско“ за 5 пати го зголемуваме наводнувањето на земјоделските површини, со капацитет за наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште. Ја обезбедуваме во целост потребната вода за наводнување на земјоделските површини во текот на целата година за 6.500 хектари земјоделско земјиште во јужниот дел од државата.Овој голем капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството, влијае врз развојот на економијата во Општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион, рече Николовски.

Додаде дека покрај наводнувањето на земјоделското земјиште, од оваа акумулација се обезбедува и редовно снабдување со вода за пиење, за производство на електрична енергија и што е најзначајно се обезбедува вода за дотур во Дојранското Езеро.

Оваа година Министерството со буџет од 884,9 милиони денари ги продолжи проектите со изградбата на браните „Речани“ и „Равен“, изградбата на трета фаза од Јужновардарска долина и малите системи за наводнување во Конопница и Теарце, а се завршени системите Чаушица, Славишко поле, Пишица и Зајас. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќибранаКонскоНиколовски
Next Post

Тренчевска: Придобивките од миграцијата и заштитата на правата на мигрантите се неразделни

НАЈНОВО

ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

Филипче од Гази Баба: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

October 10, 2025

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk