ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Објавени повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти

December 19, 2023 11:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти.

Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат  по 1. 200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26 декември.

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, треба да пополнат обрасци за: – основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; -средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето,  Изјава од другиот родител/старател.

Треба да приложат: Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата, Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели, Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија, Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда, Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен  чек од пензија, Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надомест, Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка  за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.

Повикот за финансиска поддршка  на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година е отворен до 24 декември. Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

За добивање на финансиска поддршка кандидатите треба да се пријават електронски, на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. При пријавувањето, треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање како и изјавата за давање на согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање. Исто така, треба да се прикачат следните докази: Потврда за редовен студент на државен универзитет; Уверение за државјанство; Лична карта или друг документ за идентификација;  Трансакциска сметка; Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Средствата за финансиската поддршка се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, како паричен износ на трансакциските сметки на корисникот, на финансиската поддршка. За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка на претходните повици, Министерството за образование и наука, секој месец објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, кој повик трае седум дена од денот на објавувањето. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиска поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка, во самата апликација. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за финансиска поддршка на студенти, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка, преку Секторот за високо образование и тоа на следниот контакт: studenskiprevoz@mon.gov.mk.

Tags: повиксредношколцистуденти
Next Post

Зеленски ги поздрави новите санкции на ЕУ против Русија

Shortcut

Најново

New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk