ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: За период од шест години успеавме просечната плата да ја зголемиме за 15.487 денари

December 21, 2023 18:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ на работна средбa со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. 24.03.2023/Фото:Влада.мк

Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ на работна средбa со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. 24.03.2023/Фото:Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

„Некои велат дека после шест години на власт не треба да се споредуваш со претходниците, колку и да биле лоши. Денес ќе ги послушам и ќе направам поинаква споредба. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38.843 денари, односно истата во однос на октомври 2022 година, кога изнесуваше 33.104 денари, се има зголемено за 17,3% или за 5.739 денари за една година,“објави на својата ФБ страница вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој посочува дека на почетокот од мандатот во 2017 година, во октомври просечната плата изнесувала 23.356 денари, а за една година истата е зголемена за 6,3%, односно во октомври 2018 година таа е со висина од 24.817. Оваа година растот на платата е од 17,3%.

„Нашата посветеност за економски просперитет и подобар животен стандард на граѓаните дава реален резултат, за период од шест години успеавме просечната плата да ја зголемиме за 15.487 денари,“ пишува Битиќи.
Притоа се осврнува на тоа што значи тоа за реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба, ако се земе предвид дека за истиот месец оваа година, инфлацијата е намалена на 3,5%.
„Тоа значи дека реалните плати се повисоки од растот на трошоците за 13,8%. Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат,“ заклучува Битиќи.

Битиќи прави споредба за годините 2016 просечната плата изнесувала само 22.460 денари, а една година претходно, во октомври 2015 година таа била со висина од 22.213 денари. Притоа додава дека тоа значи во времето на Владата на ВМРО-ДМПНЕ платата се зголемила само за 247 денари. Споредено со оваа Влада, предводена од СДСМ, која за период од една година, и тоа во услови на економска и енергетска криза ја зголеми просечната плата за 5.739 денари.

Tags: Битиќиплата
Next Post
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Руската пропаганда на А1он преку „аналитичарот“ Скот Ритер, осуден за сексуален престап врз малолетник

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk