ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русите потврдија дека нивниот десантен брод бил погоден од украински ракетен напад во окупираниот Крим

December 26, 2023 13:18
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Последици од нападот на руски брод во Феодосија окупирана од Русија во источен Крим во раните утрински часови на 26 декември. (Фото: Украинска Правда / Кримски телеграмски канали)

Последици од нападот на руски брод во Феодосија окупирана од Русија во источен Крим во раните утрински часови на 26 декември. (Фото: Украинска Правда / Кримски телеграмски канали)

Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за одбрана потврди дека рускиот десантен брод Новочеркаск, закотвен во Феодосија на окупираниот Крим, бил „оштетен“ од украински ракетен напад во раните утрински часови на 26 декември, пренесува Кијив индипендент побвикувајќи се на изјавата што ја објави рускиот државен медиум ТАСС.

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, објави дека бродот бил погоден порано на 26 декември, но навести дека е уништен, а не оштетен, што се чини дека е поткрепено со видеата од местото на настанот.

„И флотата на Русија станува сè помала и помала“, рече тој. „Овој пат, големиот десантен брод Новочеркаск…Благодарност до пилотите на воздухопловните сили и сите вклучени!

Олешчук, исто така, сподели видео од голема експлозија, која се подразбира дека е поврзана со ударот во Новочеркаск.

Околу 3 часот по локално време, Кримските Телеграм канали објавија експлозии во областа Феодосија во источен Крим. Телеграмск канали тврдеа дека брод со иранска муниција наводно бил кренат во воздух и избувнал пожар во пристаништето.

Според медиумите поврзани со Русија, жителите пријавиле дека слушнале силни експлозии и виделе чад, а сообраќајот на мостот на Крим бил блокиран.

Шефот на руските окупациски власти на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека во нападот е убиено едно лице, а уште две се повредени. Оштетени се и неколку згради во близина. Руските медиуми објавија дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за „оштетувањето“ на бродот.

Новочеркаск е брод со средна големина со должина од речиси 113 метри, дизајниран за амфибиски истоварање и може да носи оклопни возила, се вели во информативен лист на американската војска цитиран од Си-Ен-Ен. Има екипаж од 87 лица и може да биде домаќин на речиси 240 лица.

Генералштабот на Украина соопшти дека бродот претходно бил оштетен од удар во близина на украинскиот пристанишен град Бердианск во март 2022 година.

Украина постојано ја таргетира руската Црноморска флота од почетокот на целосната инвазија, вклучително и потонувањето на водечкиот крстосувач Москва во април 2022 година и разорниот ракетен напад врз седиштето на флотата во окупираниот Крим, во кој наводно загинале повеќе од 30 офицери.

Министерот за вооружени сили на Обединетото Кралство Џејмс Хепи во октомври изјави дека успешните напади на Украина доведоа до „функционален пораз“ на руската морнарица во Црното Море.

Претседателот Володимир Зеленски во октомври предвиде дека Украина наскоро ќе има целосна огнена контрола над окупираниот Крим, наведувајќи го широкиот неуспех на руската противвоздушна одбрана на полуостровот.

Тој, исто така, истакна дека руската Црноморска флота претрпе толку значителни загуби што се планира да се отвори нова поморска база во Абхазија, регион окупиран од Русија во Грузија лоциран на Црното Море, со цел да се преместат бродовите „што е можно подалеку од украинскиот ракети и поморски дронови“.

Подготви: Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кримокупирани териториируска агресија врз Украинаруска црноморска флотаруски десантен бродукраински ракетен напад

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk