Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска се сретна со либанскиот премиер Наџиб Микати, а тема на разговор беше ситуацијата во Црвеното Море, како и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.
– Ескалацијата на конфликтите во Газа, Либан, Црвеното Море и поширокиот регион ќе придонесе за екстремно високо ниво на опасност и несигурност во светот, напиша Камерон на X, додавајќи дека Либан е подготвен да спречи понатамошни тензии.
Објавата на Камерон се однесува на заканата дека војната во Појасот Газа ќе се прошири надвор од границите на палестинските територии и Израел и во услови на интензивирање на конфликтот долж либанско-израелската граница меѓу борците на Хезболах и израелските сили, пренесува Гардијан.
Хезболах, како и јеменските Хути, кои вршат напади врз трговски бродови во Црвеното Море како одговор на убиствата на цивили во Газа и ја нарушуваат меѓународната трговија, наводно е поддржан од Техеран.
Извор: МИА