ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставници на „Самоопределување“ тврдат дека не бараат власт во Северна Македонија, туку само даваат политичката поддршка на „Европскиот сојуз за промени“

December 28, 2023 16:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Иако беше најавено дека четвртиот коалициски партнер на опозицискиот блок на Албанците „Европскиот сојуз за промени“, ќе биде движењето „Самоопределување“, според законските одредби што важат во Северна Македонија, тоа не може да се случи.

Во членот 8 од Законот за политички партии се вели:

„Политичките партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Северна Македонија“.

Од блокот на опозициските партии на Албанците Движењето БЕСА, Алтернатива, Демократското движење изјавија дека, „иако законски Движењето Самоопределување како субјект не смее да учествува на изборите, неговите членови кои се граѓани на Северна Македонија може да се најдат на листите за кандидати за пратеници на опозициските партии на Албанците, додека Движењето Самоопределување ѝ дава поддршка на опозициската коалиција, како и многу партиите во многу земји во светот“.

Движењето „Самоопределување“ и неговиот лидер Албин Курти на претседателските избори 2020 во Северна Македонија, го поддржаа кандидатот за претседател на албанската опозиција, професорот Блерим Река, кој потоа беше избран за министер за надворешни работи во првата влада на Курти, а потоа и за негов советник. Исто така, на локалните избори во 2021 година, Движењето „Самоопределување“ им даваше поддршка на албанските опозициски партии.

„Самоопределување“ во Северна Македонија, освен што отворено ќе ја поддржи албанската опозиција, нема да биде активен дел како субјект во изборниот процес. Граѓаните на Северна Македонија, кои се и членови на „Смоопределување“, можат да бидат вклучени и во листите за кандидати за пратеници на албанската опозиција, но тоа не значи дека „Самоопределување“ на Албин Курти ќе биде во изборната трка на изборите во 2024 година.

И Зијадин Села, Арбен Таравари и Африм Гаши го поддржаа Движењето „Самоопределување“ на тамошните парламентарни избори, дури и директно учествуваа на изборните митинзи на Курти.

И Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети добивала поддршка и им даде на косовските партии Демократската партија на Косово на Хашим Тачи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Причината зошто Албин Курти и неговата партија покренаа толку жестока политичка дебата на политичката сцена на Албанците во Северна Македонија, но и пошироко, е надежта дека неговата партија ужива поддршка од Албанците овде.

Како што пишуваше „Фронтлајн“, партијата на Албин Курти во Северна Македонија има над 10 илјади членови кои се регистрирани како активисти во нивната канцеларија во Приштина. Тие активно учествуваат во секој изборен циклус во Косово, давајќи свој придонес во кампањата.

„Фронтлајн“ од добро упатени партиски извори дознава дека на парламентарните избори во 2024 година на листите за кандидати за пратеници од албанската опозиција ќе се најдат и членови на движењето Самоопределување. Беким Ќоку, советник на премиерот на Косово, Албин Курти за Северна Македонија, ќе биде носител на листата на кандидати на албанската опозиција во изборното единица пет, додека Влера Ѓакова, која исто така е државјанка на Северна Македонија, ќе биде дел од листата на кандидати за пратеници на албанската опозиција во првата или втората изборна единица.

– Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е од Струга. Ќоку претходно беше пратеник на Алијансата за Албанците и сега ќе биде на нашите листи. Не направија политичка партија, човекот е граѓанин на Северна Македонија, но е советник на Курти и член на „Самоопределување“, изјави претседателот на Демократското движење, Изет Меџити.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, изјави дека „Самоопределување“ не може да учествува на изборите следната година.

– Нема можност партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти да учествува на изборите во Северна Македонија, изјави Даштевски.

„Фронтлајн“ контактира и со неколку претставници на движењето „Самоопределување“ во Приштина. Велат дека „Самоопределување“ не бара власт во Северна Македонија и дека политичката поддршка за одредена партија или политичар се заснова на идеи и програми.

– Во конкретниот случај не станува збор за вклучување на Самоопределување во политичката сцена на Северна Македонија. Тоа е меѓународна практика за соработка на политички субјекти врз основа на концептуални идеи, велат за „Фронтлајн“ претставници на „Самоопределување“.

Дестан Јонузи

Tags: Албин КуртиЕвропски сојуз за промениизбориКосовоСамоопределување!Северна Македонија
Next Post

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

НАЈНОВО

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025
Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk