ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сурои: Формирањето огранок на „Ветевендосје“ во Северна Македонија не е рецепт за добрососедство

December 28, 2023 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веста за создавањето огранок  на движењето, односно партијата „Ветевендосје“ (Самоопределување), на чие чело е косовскиот премиер Албин Курти, и во Северна Македонија, деновиве одекна низ медиумите, и предизвика различни реакции.

„Ветевендосје“ на 24 декември се приклучи кон Европската лига за промени, која се состои од трите партии од опозицискиот блок – Движењето Беса, Алтернатива и Демократското движење ( „огнените“ што се отцепија од ДУИ), која ја отвори коалициската канцеларија на плоштадот „Скендербег“ во скопската Чаршија.

Според најавите, „Ветевендосје“ планираат да учествуваат на следните парламентарни избори, што исто така предизвика реакции од дел од политичките и други чинители во земјава.

ЦИВИЛ Медиа во ноември одржа ексклузивно и сеопфатно интервју со Ветон Сурои, публицист, писател, поранешен пратеник во косовското Собрание  и советник на владата на Република Косово за дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Една од темите на кои разговаравме со Сурои ( во вториот дел од интервјуто), беше токму во контекст на создавањето огранок на „Ветевендосје“ во Северна Македонија.

„Во 1990 и 1991 година во поранешна Југославија, кога бев дел од консултативниот совет на политичките партии на Косово, и консултативниот совет на политичките партии од поранешна Југославија. Тогаш донесовме одлука политичките партии на Косово да не отвораат ограноци и по под-ограноци во Македонија, во Јужна Србија во Црна Гора, значи надвор од Косово.

А овој модел се применуваше и на ниво на тогашна поранешна Југославија, и на тој начин ја зачувавме кохезијата на албанските политички партии бидејќи немаше натпреварување, затоа што тогаш констатиравме дека нај лошото нешто што можеме да им го  направиме на политичките движења надвор од Косово, е ако нашата конкуренција се реплицира во тие делови, ако се создадат ограноци и под-ограноци.

Ова се сметаше за негативно во случајот на хрватските политички партии и нивните партиски дистрибутери во Босна и Херцеговина, српските политички партии и нивните дистрибутери во Босна и Херцеговина. Овој рецепт функционираше и мислам дека овој рецепт треба да продолжи да функционира, дека најздрав начин за одржување на односите меѓу Албанците во земјите каде што живеат е со почитување и не мешање во работите на Албанците во другите земји“, смета Сурои.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Тренчевска: Граѓаните го препознаваат значењето на нашите колективни напори за одржување на достоинството на трудот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk