ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Холандија станува најпривлечна дестинација за клинички истражувања

December 29, 2023 09:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија, што ја прави земјата најпривлечна дестинација за клинички истражувања, се посочува во извештајот на маркетинг агенцијата „Сајтлајн Кастам Интелеџенс“.

Во документот се нагласува дека Холандија особено покажува завидни резултати во раните фази на испитувањата, а нејзини предности се и ефикасната логистика за тестирање, силните онколошки перформанси, статусот на лидер во иновациите, брзите одобренија на лекови од напредната медицинска терапија и развиената инфраструктура.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Холандија е една од водечките земји според клиничките испитувања по глава на жител, па така во оваа држава се иницирани 2,9 пати поголем број тестирање по глава на жител отколку во Германија.

Претседателот на Холандската фондација за клинички истражувања (ДЦРФ), Барт Схирдер изјави дека ваквите податоци се причина за задоволство, што ја поттикнува нивната амбиција да бидат предводници на останатите земји од ЕУ во соработката во клиничките истражувања.

Тој посочува и дека во една неодамна објавена статија во „Нејчр Медисин“, меѓу 11-те клинички испитувања на глобално ниво за кои се предвидува дека ќе имаат значително влијание врз развојот на медицината во 2024 година, три се поврзани со Холандија.

Схирдер нагласува дека Холандија е вклучена во сите 24 референтни мрежи на даватели на здравствени услуги во Европа, кои имаат за цел да ја олеснат дискусијата и размената на мислења за сложени или ретки болести.

– Холандија учествува во сите нив. Мислите дека сите земји го прави тоа? Тоа воопшто не е случај. Што е уште поважно, седум од тие 24 мрежи се предводени од истражители од Холандија, додава Схирдер.

Според него, успехот на Холандија во овој домен е резултат и на добрата организација и ефикасност, посочувајќи како пример дека за одобрување на нови лекови од напредната медицинска терапија во земјата се потребни помалку од 30 дена, што е случај само во уште една европска држава.

Како предност што ја нуди Холандија се посочува и солидното познавање на англискиот јазик од страна на лицата вклучени во клиничките истражувања.

– Претпоставувате дека во доменот на клиничките испитувања, сите зборуваат англиски, нели? Но, тоа всушност не е така. Англиски најчесто зборуваат клучните лидери и водечките истражувачи. Од друга страна, во холандска болница вклучена во клиничко испитување, англиски зборува целиот персонал – од медицинската сестра за истражување, па до адвокатите и луѓето од етичкиот одбор, додава Схирдер.

Tags: клинички истражувањаХоландија
Next Post

Во Шведска обвинети се 11 лица во најголемиот еколошки скандал

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk