Обединетите Арапски Емирати побараа деенеска да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Западниот Брег, изјави портпаролката на мисијата на ОАЕ, Шахад Матар.
„Обединетите Арапски Емирати повикаа на 29 декември да се одржи итен состанок на Советот за безбедност на ОН за брзата ескалација на ситуацијата на Западниот Брег и нејзиното влијание врз одржливоста на решението за две држави“, објави таа на платформата Х.
Според неа, „насилството на екстремистите од доселениците и извештаите за израелските напади го ставаат политичкиот хоризонт за Израел и Палестина во сериозна опасност“.