Украинските сили за противвоздушна одбрана во Кијив ги уништија сите 15 јуришни беспилотни летала Шахед, над 60 ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55 и 10 ракети Кинжал, соопшти градската воена управа на Кијив во објава на Телеграм.
Во Кијив, на 2 јануари, тревогата за воздушен напад траела речиси шест часа.
„Прво, непријателот лансираше околу 15 летала Шахед во главниот град на Украина, а потоа преку 15 стратешки бомбардери Ту-95МС лансираа крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555/Kh-55. Кога крстосувачките ракети стигнаа до Кијив, повеќе од десет авиони МиГ-31К лансираа суперсонични балистички ракети Kh-47M2 Kh-47M2 Кинжал кон главниот град на Украина“, наведува градската воена управа на Кијив.
Заклучно со утрово веќе се знае за 92 ранети и 4 починати лица. Имајќи предвид дека операциите за пребарување и спасување се во тек, бројот на жртви може да се зголеми, велат од МНР на Украина, додавајќи дека објектите чија цел биле на нападите биле сите цивилни.
Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир, известувајќи за најновите ракетни напади на рускиот агресор и за украинска противвоздушна одбрана, упати благодарност „до сите кои се на пат да донесат одлука за помош на Украинците“.
„Кијив повторно го нападнаа со крстосувачки ракети; Харкив е под масовен ракетен напад. На сите кои помогнаа со средства за противвоздушна одбрана – голема благодарност за спасените животи; до сите кои се на пат да донесат одлука за помош на Украинците – благодарност за изборот на демократските вредности“, потенцира амбасадорката Дир.
Терористичкиот режим во Москва мора да почувствува дека меѓународната заедница нема да затвора очи пред убиството на цивилното украинско население и уништувањето на украинската критична инфраструктура, велат од МНР на Украина.
Подготви: Ј. Ѓ.
Поврзано:
МНР на Украина: 92 ранети и 4 починати лица од руските ракетни напади врз украинските градови