ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Патот до владината палата на Илинденска поминува низ Брисел

January 4, 2024 14:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Во Северна Македонија, изборите за шестиот претседател ќе се одржат на 24 април, додека вториот круг, заедно со парламентарните, ќе се одржи на 8 мај.

Од друга страна, до 28 јануари се очекува да се гласа за техничката влада во која учествува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Она што е забележливо во кадровските пресметки за учество во техничката Влада и претседателските избори е дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ по бегството во азил на претходникот на Христијан Мицкоски, Никола Груевски, не успеа да собере нови „фигури“ околу себе.

Мицкоски создаде група од доверливи луѓе околу себе со кои ја менаџира партијата и можноста некој од нив своеволно да го отстрани од раководството на партијата.

Ако се гледаат кадровските предлози од ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада, тоа се токму оние на техничката влада од 2020 година, Наќе Чулев и Рашела Мизрахи. Исто така и споменувањето на името на Гордана Силјановска-Давкова како кандидат за претседател на државата ја потврдува горенаведената теза.

Евентуалната повторна кандидатура на Силјановска-Давкова за претседател на државата покажува два важни моменти.

Прво, политиката што кандидатот ја негува во однос на Албанците и меѓународниот фактор, а вториот момент, ВМРО-ДПМНЕ не носи кадровски иновации. Овој тренд покажува дека по овој принцип ќе се креираат и листите за пратеници, а можно е поголем дел од досегашните пратеници повторно да се кандидираат за нов мандат.

Движејќи се по однапред договорени контури, како што се ставот за уставните измени, однапред определените кадровски решенија како и немањето реална понуда за политичкиот, социјалниот и економскиот развој на државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да си игра со старите каузи – кои се тесно поврзани со национализмот.

Со картата на национализмот како најлесен начин да се создаде електорат со анестезија, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да добие политички легитимитет, но тоа ќе биде недоволно за преземање на власта.

Ова најдобро го докажаа изборите во 2016 година, но и оние од 2020 година. Можеби ќе има уште неколку пратеници, но недостатокот од коалициски капацитет јасно покажува дека нема да му се отвори патот до владината палата на Илинденска.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселГордана СилјановскаизбориМицкоскиСеверна Македонија

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk