ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Рама под истрага на СПАК; според извештај на американскиот конгрес Рама потрошил илјадници долари во хотел на Трамп; српскиот политичар Сандуловиќ брутално претепан од БИА поради оддавање почит на семејството Јашари

January 5, 2024 11:50
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанските медиуми преовладуваат вестите за тивкото известување од албанското специјално обвинителство дека актуелниот албански премиер Еди Рама е под истрага за случајот Мекгонигал, како и скорешниот извештај на американскиот Конгрес  во кој се наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, Рама и  неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле е околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Сури: Според СПАК, Еди Рама е под истрага

Шефот на Специјалното обвинителство, Алтин Думани, на неформална средба со новинарите на крајот на годината штотуку заврши, даде неколку одговори на неколку прашања со висока температура на чувствителност за јавното мислење.

Запрашан за случајот „Рама-Мекгонигал“ во контекст на известувањето за СПАК од шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, во својот одговор г-дин Алтин Думани ја потврди регистрацијата на постапката, навестувајќи дека се спроведуваат истраги. И процедурално, првото име во истрагите во овој извештај е Еди Рама, пренесува Сури.

Албеу -Извештај на американскиот Конгрес: Еди Рама потроши илјадници долари во хотелот на Трамп

Во периодот од 2017 до 2020 година, албанскиот премиер Еди Рама, неговите советници и поранешниот министер за инфраструктура, Дамијан Ѓикнури потрошиле околу 6 илјади американски долари во хотелот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Конкретните детали за трошењето се дел од извештајот на 156 страници насловен: „Белата куќа на продажба“, подготвен од демократските членови на Комитетот за надзор и одговорност на Претставничкиот дом. Во извештајот таквите плаќања се опишуваат како обиди да се влијае врз поранешниот американски претседател, пренесува Албеу.

Клан: Се намалува бројот на Албанци кои со сплав одат во Англија

Се намалува бројот на албанските емигранти кои со сплав одат во Велика Британија. Весникот „Телеграф“, врз основа на анализа на официјални бројки, пишува дека има намалување од 93 отсто во однос на бројките од 2022 година, пренесе Клан.

КОСОВО

Бота Сот: Српскиот политичар кој се поклони во Преказ беше претепан од БИА, вели дека учесник бил и Радоичиќ

Роднините на претседателот на Српската Републиканска партија, Никола Сандуловиќ, изјавија дека тој бил брутално претепан од српската тајна полиција во зградата на БИА.

Меѓу маскираните лица кои го претепале, Сандуловиќ рече дека го препознал Милан Радоиќиќ, поранешниот српски политичар од северот на Косово, организатор на терористичкиот напад на 24 септември во Бањска.

Сандуловиќ беше уапсен во средата од страна на Српската разузнавачка агенција (БИА). Според неговото семејство и адвокат, причината била неговата објава на Х во која им оддава почит на гробиштата на семејството Јашари во Преказ, во која вели дека тој е единствениот политичар од Србија кој им оддаде почит на недолжните албански жртви, пренесе Бота Сот.

РТВ 21: Полицијата во Бањска заплени 689 чаури и знаме на Србија

Во Звечанското село Бањска, полициската единица пронашла и запленила знаме на Србија, 34 чаури, магацин на оружјето АК-47 и 689 чаури од различен калибар.

Во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека нема уапсени, додека случајот е во истрага, пренесе РТВ 21.

КОЛУМНА

Коха: Фото-финиш на дијалогот

„Со промената на годината, либерализацијата на визите беше очекуван подарок, но ниту еден граѓанин на Косово не очекуваше уште два подароци  на крајот на годината. Србија одлучи да ги признае регистарските таблички на Република Косово и прифати почеток на интеграцијата на северот во енергетскиот систем на земјата, со почетокот на наплатата на енергетската струја на север.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Фото-финиш“ на дијалогот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Две лица загинаа во сообраќајкa на магистралата Гостивар-Кичево

НАЈНОВО

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

Претставата „Ехо на заборавот” на театарот „Чекори“, в сабота во Мака бар

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk