Хуманоидни роботи почнаа да варат кафе. Вештачката интелигенција ги оживеа. Само гледале како луѓето го прават тоа и научиле. Им развија тактилност на прстите. Може да фатат јајце да го пренесат и да не го скршат.
Влеговме во нова ера.
Годинава во Америка и Кина роботите ќе почнат да работат на фабрички ленти, до година веројатно ќе се најдат и во домаќинствата.
Закони/уредби за употребата на ВИ донесоа ЕУ, Бајден издаде извршни наредби, Кина подготвува законодавство.
Следуваат огромни промени за многу кусо време. Многу луѓе ќе останат без работа. Се зборува за Universal Basic Income, во основа, социјална помош, за тие што ќе останат без работа. Тоа е преодниот период од 10-20 години. Една од варијантите е дека потоа следува период на сѐ за секого. Abundance of goods and services. Се разбира, во технолошки напредните земји.
Македонијо спремна ли си? Или уште ќе се расправаме за свашта, штогоде, разни селски итроштини, сплетки и кривидрини.
Следат избори – ќе стави ли некоја партија решенија за ова во нивните програми.
Ова е шанса еднаш да бидеме на време. Ама не верувам.
Валентин Нешовски