ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

January 9, 2024 14:20
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Тоа што државната новинска агенција МИА го пласираше во рубриката „МИА истражува“ и истото го пренесоа повеќе македонски медиуми, всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од таканаречениот „независен“ воен аналитичар Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр. Текстот на Буриќ е полн со произволни и паушални тврдења, забележува Мониторинг тимот на Цивил.

Да стануваше збор за истражувачки текст, како што наведува насловот на рубриката на МИА, многу лесно можеше да се побијат „стручните анализи“ на извесниот Буриќ. Наместо тоа, државната агенција МИА реши, со превод на манипулативен текст и исто толку манипулативен наслов, објавен во „истражувачка“ рубрика, да им пласира на читателите содржина која има непосредни допирни точки со наративте на руската пропаганда, а не со случувањата на теренот во реалноста.

Тоа што пропушти да го „истражи“ МИА во пренесените „анализи“ на Буриќ, се неговите произволно искажани сомневања во искреноста на одговорите на Украинците во анкетата објавена на Кијив индипендент. Буриќ во својот текст ја доведува во прашање објективноста и способноста за расудување на Украинците за сопствената земја, небаре тој подобро ги согледува приликите во Украина, иако е оддалечен повеќе од 1.400 километри од Кијив.

Исто така, како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, додека Буриќ изнесува тврдења дека американскиот Конгрес нема да ја поддржи помошта за Украина, тоа во моментов е неизвесно и за најголемите познавачи на приликите во највисоките државни кругови во САД, бидејќи сѐ уште се работи на договорот.

Буриќ тврди и дека донациите на оружје и муниција од Запад брзо пресушуваат, а украинските претставници повеќе не одат на состаноци со западните сојузници со, според него, нереални списоци на барања.

Околу (не)точноста на овие тврдења, само еден ден по објавувањето на неговиот текст во хрватски Индекс, на веб-страницата на германската федерална влада, на 4 јануари, беше објавен новиот пакет воена помош кој Германија ѝ го достави на Украина, а кој се состои од систем за противвоздушна одбрана Skynex со муниција, проектили за системот за воздушна одбрана IRIS-T SLM, муниција за тенковите Leopard 2 A6 и речиси 10.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри.

Дополнително, пакетот на германска помош вклучува и десет пешадиски борбени возила Мардер со муниција и резервни делови, два тенкови за расчистување на мини Wisent 1, два радари за воздушно набљудување TRML-4D, 3.350 борбени шлемови, 30 системи за детекција на беспилотни летала и десет GO12 радари за надгледување на земјата, како и друг вид на дополнителна опрема и резервни делови.

Белгија испраќа два авиони-ловци Ф-16 за тренинг на Украинските пилоти.

Обединетото Кралство донираше 2 миноловци на Кралската морнарица (кои Ердоган во моментов не дозволува да влезат низ Босфор во Црно Море).

Истовремено, Европската унија подготвува резервен капацитет, за да ѝ обезбеди на Украина до 20 милијарди евра помош, што ќе овозможи да се заобиколи ветото на Орбан.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе продолжи поддршката од Г7 за Украина во зајакнувањето на воздушниот штит над Украина од варварските руските ракетни напади врз цивилни цели. А за тоа дали се нерални списоците со барања за опрема и оружје со кои ќе се заштитат украинските граѓани од рускиот ракетен терор во кои гинат цивили, меѓу кои  и деца, тоа веројатно му е познато само на Буриќ, а изгледа и дека е ирелевантно за „истражувањето“ на МИА, но и за оние македонските портали кои некритички ја пренесоа статијата на своите страници.

Манипулативен и наведувачки е и самиот наслов, во кој се поставува прашањето „Зошто Зеленски не сака мир?“, иако самиот Зеленски објави 10 точки според кои е подготвен да преговара за мир, а како што на 5 декември објави прес- сервисот на украинскиот претседател, шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак и Тимоти Бароу, советник за национална безбедност на премиерот на Обединетото Кралство, разговараа за подготовките за состанокот на советниците за национална безбедност и политичките советници на шефовите на држави во врска со спроведувањето на украинската Формула за мир. Додека во самиот текст, авторот изнесува „небулозно“ тврдење дека Путин повеќе го посакува примирјето, додека секојдневно врши ракетен терор врз украинските градови во кој гинат цивили и се уништува цивилната инфраструктура.

Впрочем, и самиот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, на 26 декември минатата година, за време на својата прва прес-конференција од почетокот на целосната руска инвазија, токму во врска со ваквите експертски, и нему слични тврдења, ќе изјави:

„Со сета почит кон експертската заедница… некои работи не сакам ни да ги читам. Тие воопшто не разбираат што се случува. И има многу мал процент на експерти со кои навистина може да се согласите.“

За очигледниот аниомозитет кон Зеленски на „независниот“ воен аналитичар, доволно е да се прочитаат насловите на неговите текстови објавени на Индекс.хр.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно бележи голем број прилози во македонските медиуми во кои се искривува вистината и се пласираат руски пропагандни наративи за агресијата против Украина. Редовните извештаи и анализи на руските воено пропагандни во светот и кај нас имаат цел да придонесат кон точното информирање на јавноста за најголемата воена криза во Европа од Втората светска војна наваму.

Преземено: Цивил Медиа


Во оваа анализа се користени податоци од редовните извештаи на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Tags: Индекс.хрмакедонски медиумиМИАРуска пропагадна и дезинформации
Next Post

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk