Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека мешањето на Москва во внатрешните процеси на некои земји од Западен Балкан, како Србија, е многу загрижувачко, бидејќи постојат стравувања дека Русија нема да запре на војната против Украина.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Фајон рече дека „има сериозни стравувања дека Русија не може да запре само во војната во Украина“ и додаде дека руското политичко мешање „може да се види во одредени земји од Западен Балкан“.
– Тоа е, се разбира, многу загрижувачко. Она што го гледаме во Србија или во Република Српска, со дезинформации, руска пропаганда и мешање. И затоа мораме да ја запреме оваа војна (во Украина). Мораме да се бориме за праведен и траен мир за Украинците. Тоа е наша заедничка одговорност, изјави Фајон.
Извор: МИА