ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски од Вашингтон: Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Северна Македонија

January 10, 2024 18:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, за време на работниот престој во Вашингтон оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло.

Како што информира МВР, Спасовски и Тени разговараа за значајната улога на Конгресниот кокус за земјава, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во САД. Притоа, Спасовски ја изрази благодарноста за поддршката и ангажманот во зајакнувањето на меѓусебните односи, промовирање на културната размена и застапување на интересите на македонската заедница во САД.

-Република Северна Македонија се стреми кон сигурна, стабилна и просперитетна иднина во големото европско семејство на ЕУ, а нашите напори се во голема мера фокусирани на продлабочување на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и продолжување на економскиот развој. Во сето ова, македонско-американската заедница и поддршката од САД играат витална улога. Нашата соработка како НАТО сојузници се темели на заедничките вредности на демократијата, човековите права и мирот. Сакаме да ја зајакнеме оваа соработка преку повеќе билатерални иницијативи, заеднички проекти и програми. Во таа насока, дијалогот со претставниците на САД е од суштинско значење, истакна министерот Спасовски, упатувајќи благодарност за личниот ангажман на конгресменката Тени.

Тој се заблагодари и за личните заложби на Тени за почнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

-Македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги нуди американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права. Тие станаа активни членови на заедницата, давајќи го својот придонес кон нејзиниот развој. Денеска, со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија го следи овој модел, стремејќи се кон усовршување на општество каде секој заслужува рамноправна шанса, рече Спасовски и изрази уверување дека Северна Македонија останува посветена на унапредувањето на евроатлантските интеграции и на засилување на институциите.

Министерот Спасовски во оваа прилика побара и поддршка за усвојување на Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, подвлече дека за Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Северна Македонија и САД.

Конгресменката Тени изрази задоволство од можноста да се сретнат со министерот Спасовски и во оваа прилика ја истакна својата силна поддршка, посветеност и блискост кон македонско-американската заедница во САД, велејќи дека секогаш е во потрага  по пријател плус Македонец  овде во САД. Таа уште еднаш ја потврди својата поддршка за резолуцијата за месецот септември да биде месец на на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.

Tags: САДСпасовскиТени
Next Post

Белгискиот еврокомесар Дидие Рејндерс ќе биде номиниран за генерален секретар на Советот на Европа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk