ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Ментално ограничување на брзината со која стоиме во место!

December 6, 2025 13:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Светот е уморен и износен.

Македонија е уморна и износена.

Парталосана.

Исушена е од внатре и парталот на идентитетот и стои како гучи крпите на  страшилата за бркање на чавки, врапци и свраки по лозјата.

Гордо ја тераме од себе Европа да не би во неа да се растопиме како коцка Mаги супа во врела вода.

Бараме гаранции дека Европа ќе ја конзумираме на собна температура.

Односно дека за чувствителните Македонци полни со историски изгореници од најболен степен, Европа ќе прифати малку да остине.

Да биде креативна.

Се повеќе ме нервира.

Мислам, Македонија.

Почнав да се плашам дека ќе ја замразам.

Всушност, се обидувам да ја убијам ваква каква што се има сторено.

Со дронови од зборови.

Џабе!

А, можеби и не е џабе!

Бомо видли.

Безбедниот град го чува нејзиното срце во вморонското тело на несовладливо растојание.

Усраните Македонци се движат низ градот како глисти пред штабквартирата на власта и нејзината идеолошка централа на плоштадот вмро.

Недопирливи се!

И власта и глистите.

Тој град е инсталиран не за да ги спасува животите на невнимателните граѓани, туку власта и тоа така што ќе му покаже на светот дека Македонците се безнадежни за модерноста.

И дека лесно би можеле да примат до 300.000 британски мигранти, по еден на секој гласач на вмро-дпмне.

На домашна нега.

Сиот свет ги претвора новите техники и пронајдоци, научни решенија и сл. од можностите за напредок во уништувачки елементи на човечкото битие, но кај Македонците тоа е драматично.

Заглавен безбеден град.

Илјада нови ракови се произведен во првите три дена од функционирањето на оваа злосторничка инсталација

Се почесто размислувам да се ликвидирам себе си и да се спасам од Македонија ако Мендез не ми обезбеди трансфер во некоја друга национална екипа.

Атмосферата во македонската соблекувална е неподнослива.

Романската национална химна почнувала, тоа го научив кај Сјоран, со зборовите: „Разбуди се, Романецу, од својот, мртовечки сон.”

Хахаха, си реков, не сме единствени патетоси кои комуницираат со мртвите и од нив бараат спас за живите.

Затоа што во мртвите или мртвечки заспаните се препознаваат себе си.

„Свести се не спиј ти”, имаме ние една песна која е радикализирана во химната со славните јунаци кои стануваат од гробовите за да донесат ново сонце на слободата.

Така се остварува подвигот како легитимација на нацијата и основа на емотивната идентификација на членовите на хорот на македонските деца.

На нивната гордост!

Како може комита да те направи горд?

Да те пушти да ја изебеш жената на јатакот пред него или прв да го расчеречиш прасето на домаќинот што  завојувачот секогаш му го оставал на рајот (член на рајата).

Хахаха!

Македонските проститутки се заљубени во својот мевосек.

Монструм со четири свети букви на градите.

И долги раце.

За крадење.

Лепа Брена.

Бљак!

Вмороните се за Македонија тоа што Визиготите биле за Рим.

Има само една работа која ме обнадежува:

Нацијата се дави во усмрдената вморонска бара и полека ја исушува.

Нацијата како феномен е заебана работа дури и ако е стара само осумдесетина години.

Последните капки вмро ќе останат на крзното на македонскиот пес кој на излегување ќе ги истресе и Мицкота и Дафкова и  Хер Фликот и Лигњата и ќе продолжи кон Ла Гвардија, Кохел ам Зе и Брисел.

Само Кикифрики ќе остане понеже тој е хемороид во шупакот на нацијата.

Балканот, според Даниел Сервер, денеска е премногу стабилен. Таа стабилност ја одржуваат корупцијата, етничките тензии и антидемократските сили.

Моќниците еден ден би можеле да одлучат да заработат повеќе пари и да стекнат поголема моќ на поинаков начин. Ако постои жаришна точка тогаш е тоа тоа. Она што на регионот денеска му е потребно се политички промени, а не стабилност. Но, тоа би требало да биде промислена политика во демократски, европски, западен правец. Русите и Кинезите се хрнат со етнички тензии, неизвесни статуси и корумпирани автократи.

Се согласувам.

Со една или две забелешки.

Ние во карактерот и во менталитетот, во културата, имаме вграден механизам кој остварувањата на секоја промена која води напред (Заев) ги враќа назад со нова политичка примена (Мицко). Како кај автомобилите: имаме вградено ограничување на брзината со која стоиме во место. Па сепак, се надевам дека со следната политичка промена ќе ги заебеме тие ментални фиксации. И затоа, освен политички промени, потребни ни се промени во културната и карактерната конфигурација на нацијата.

За тоа се потребни храбри опремени и самопожртвувани луѓе.

Какви ние немаме.

Или претерувам.

Духовното ниво се мери спрема степенот на оддалеченоста од светот. За духовно искуство е способен само оној за кога работите стануваат се поневажни, за кого кругот на интересирањето се стеснува сразмерно на неговото напредување.  Не е важно да се знае туку да се биде. А бивствувањето е најтежок подвиг од сите затоа што на духовен план да се биде значи на световен план да не се биде ништо.

Имаме ли ние таква духовност?

Па, сега, како да ви кажам, а да не бидам вулгарен!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post
Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

СДСМ: Британската амбасада ја потврди соработката за мигрантите, кој сега лаже?

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk