Поп-ѕвездата Кејти Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо официјално ја потврдија својата врска, објавувајќи заеднички фотографии и видеа на Инстаграм. Со тоа ставија крај на неколкумесечните шпекулации за нивната романса.
Пери во саботата сподели серија моменти од престојот во Токио, каде што таа и Трудо позираат во прегратка, снимаат селфи и уживаат во оброци, придружени со нежни погледи. Еден од видеозаписите ги прикажува и на интерактивна уметничка изложба. „Токиски моменти од турнејата и повеќе“, напиша Пери под објавата.
View this post on Instagram
За време на нејзината Lifetimes Tour, Пери и Трудо се сретнале со поранешниот јапонски премиер Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. Кишида на социјалната мрежа X сподели фотографија од средбата покрај новогодишна елка, нарекувајќи ја Пери „партнерка“ на Трудо.
„Бившиот канадски премиер @JustinTrudeau ја посети Јапонија со својата партнерка и ни се придружи на ручек“, напиша Кишида. „Соработувавме многупати како колеги лидери. Драго ми е што го продолжуваме ова пријателство.“
Трудо ја сподели објавата и му одговори: „Драго ми е што те видов @kishida230. Кејти и јас бевме пресреќни што имавме можност да седниме со тебе и Јуко. Благодарам на твоето пријателство и посветеност на меѓународниот поредок заснован на правила.“
カナダのトルドー前首相(@JustinTrudeau)がパートナーと来日され、私たち夫妻と昼食をご一緒しました。
総理時代には首相同士何度もお会いし、カナダ訪問時には「日加アクションプラン」の策定など、二国間関係強化に共に汗をかいた仲です。
こうして交友を続けられていることを嬉しく思います。 pic.twitter.com/t9RkbMyip5
— 岸田文雄 (@kishida230) December 4, 2025
Шпекулациите за врската помеѓу Кејти Пери и Трудо се појавија летово, кога беа забележани заедно на вечера во Монтреал. Пери во јуни ја раскина свршувачката со актерот Орландо Блум, додека Трудо во 2023 година се раздели од сопругата Софи Грегуар по 18 години брак.
Извор за списанието People претходно откри дека Трудо се обидувал да и се доближи на Пери уште од нивните средби во Канада. „Дури долета во Калифорнија за да ја види за време на паузата од турнејата. Лесно се поврзуваат. Таа го смета за привлечен. Беше многу обѕирен“, изјавил изворот.
Парот првпат заедно се појави јавно на 25 октомври, на кабаретска претстава во Crazy Horse Paris по повод роденденот на Пери, каде што беа фотографирани насмевнати и држејќи се за рака додека го напуштаа театарот.
(ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз







