Научнофантастичниот епски серијал „3 Body Problem“, адаптација на славената трилогија на Лиу Цисин, официјално се враќа на Netflix (Нетфликс). Платформата ја потврди продукцијата на Сезона 2, а снимањето веќе е во тек, но – за разлика од некои објави на социјалните мрежи – точен датум на премиера сè уште не постои.
Netflix преку својата официјална страница Tudum објави дека серијата е обновена за уште две сезони. „Со возбуда најавуваме дека приказната продолжува. Тимот работи интензивно на следните поглавја“, стои во објавата на платформата.
Според специјализирани технолошки и филмски медиуми, снимањето на Сезона 2 започнало во Унгарија во текот на 2025 година. Порталот ТеchRadar потврдува дека продукцијата е во активна фаза и дека во новите епизоди ќе се проширува универзумот поставен во првата сезона.
Најчестите проценки во медиумите укажуваат дека продолжението би можело да пристигне кон крајот на 2026 година, но ниту еден датум не е официјално потврден. Сајтови како The Economic Times и TheGWW наведуваат дека секое поконкретно очекување е само шпекулација, бидејќи Netflix не објавува временска рамка.
Во меѓувреме, Netflix веќе објави и дел од новите актери за продолжението, што ја потврдува напредната подготвителна фаза на втората сезона. „Светот на Трисоларанците ќе се прошири во многу поголеми размери“, пишува Tudum во најавата за проширениот актери.
Без оглед на недостигот од точен датум, едно е јасно: Сезона 2 навистина доаѓа, продукцијата се одвива, а научнофантастичната сага ќе продолжи да ја продлабочува својата космичка закана, концепт на преживување и пресметката меѓу човештвото и непојмливиот непријател од длабоката вселена.
Редакција Фронтлајн







