ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен

January 12, 2024 15:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен.

Како што информираа од Министерството за транспорт и врски, поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри. Посочуваат дека физибилити студијата покажала дека најоптимална е трасата која почнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска страна, а преку тунел ќе се поврзе со Косово.

Заменик министерот Реџепи потенцирал дека овој инфраструктурен проект ќе ја зацврсти економската соработка со Косово.

-Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор меѓу двете земји. Спомнав дека е избрано најоптималното решение од причина што патниот правец минува низ ски центарот Попова Шапка, што е огромна предност за развој и зголемување на туризмот во овој регион, изјавил Реџепи.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми информирал дека патот Тетово – Призрен ќе биде дел од патот што води до Попова Шапка и ќе треба да се изградат дополнително уште 17 километри пат за кој, како што рекол, ќе се започне со проектирање.

-Со заедничкиот тунел што ќе го градиме а кој е 6,4 километри и кој ќе биде дел од Коридор 8 ја подобруваме патната инфраструктура меѓу соседните земји во регионот и меѓу градовите Скопје, Тирана и Приштина, истакнал Рустеми.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски нагласил дека во овој момент се работи на регионално поврзување со сите соседи на Северна Македонија.

Министерот за животна средина и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу истакнал дека од косовска страна веќе се работи на патниот правец кој преку изградба на новиот тунел треба да се поврзе со Северна Македонија.

Двете делегации, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, оствариле билатерална средба каде што ја потврдиле добрата соработка и ја потенцирале важноста на заедничките заложби за побрза европска интеграција на регионот.

Next Post

Атал го одржа првиот состанок на новата француска Влада под мотото „работа, работа и само работа“

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk