ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хасани: Северна Македонија и Албанија делат заеднички интереси и заедничка визија за иднината

January 17, 2024 12:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија и Северна Македонија остварија впечатливи резултати во однос на евроинтеграцијата, успешно го завршивме процесот на скринингот и сме во очекување на понатамошните чекори. И двете земји на тој пат се соочивме со бројни предизвици. Заедно поминавме голем дел од ова патување поддржувајќи се меѓу себе и нашата соработка треба уште повеќе да се продлабочи и зајакне и да направиме што повеќе за регионот да го видиме таму каде што сакаме.   

Ова го истакна министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, на заедничката прес-конференција со неговиот колега и домаќин шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Денес повеќе од кога било нашите земји, нашите општетства и држави делат заеднички интереси и заедничка визија за иднината. Албанија ќе продолжи да ги следи активностите на Северна Македонија, особоена во оваа изборна година кога ве очекуваат претседателски и парламентарни избори. Очекуваме овој процес да биде успешен и пред се, да не донесе никаква промена во вашата псоветеност за европската иднина, нагласи Хасани.

Во овој контекст, тој ја поздрави институционалната улога што ја има албанската заедница за стабилноста на државава, особено, како што нагласи, за зачувување на евроатлантската перспектива, патување кое беше исполнето со предизвици и тешкотии. Албанија, наведе Хасани, има дадено поддршка и ќе продолжи да ги поддржува конструктивните заложби на Албанците во Северна Македонија во политичките процеси и заложби за консолидација на владеењето на правото, демократијата, социјалната кохезија и рамноправноста меѓу сите граѓани.

-Верувам дека фактот што Северна Македонија прв пат во историјата ќе има премиер од албанска припадност претставува дел од напредокот што го има остварено вашата држава и општество, за што би сакал да покажам восхит и почит за сите државаи. Го поддржуваме изградувањето на едно функционално мултиетничко општество засновано на почитување на Охридскиот рамковен договор и сите други суштински договори, вели Хасани.

Тој го истакна и значењето на Коридорот 8, кој како што рече, како резултат на настојувањата на двете земји стана дел од паневропските коридори и ќе ја трансформира нашата стратешка позиција, нашите економии и перспективи за развој. Затоа треба да инвестираме и да се изнајдат начини како да соработуваме за придобивките од овој коридор и од Планот за раст за Западен Балкан за максимални придобивки на Северна Македонија, Албанија и целиот регион.

Министерот Османи рече дека се согласиле со Хасани оти двете земју треба да го продолжат европскиот пат и да направат повеќе за да го видат регионот во ЕУ.

-Северна Македонија и Албанија се многу повеќе од добри соседи, ние сме пријателски земји со висока меѓусебна поддршка и партнери кои заедно го продолжуваат европскиот пат. Двете земји веќе една година водеа активни преговори со кои успешно го завршија скрининг процесот. Двете земји добија да речам одлични оценки и без никаква задршка се подготвени да ги отворат првите кластери и поглавја од преговорите, и треба да ја забрзаат својата европска интеграција, нагласи Османи.

Според него, евроинтеграцијата, не е единствениот, но е најдобриот пат за суштинска реформа на целиот општествен систем од владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција, преку засилени инвестициски циклуси, поголеми примања, засилена економска активност, па се до унапредување на квалитетот на животот, образованието, здравствените услуги, социјалата.

-Но тоа е и безбедносно прашање. Во современите предизвици на хибридни закани, надворешни влијанија, но и активна војна на европското тло, интеграцијата на Западниот Балкан во Европа претставува и политичко безбедносно прашање. Европа со длабоко учество и на САД треба да го зајакне своето присуство во регионот, да го засили учеството во политиките на земјите од Западен Балкан и со тоа не само да ја зајакне нашата одбранбена улога, туку и да испрати силна порака на одвраќање како една од клучните безбедносни политики на Европа,  порача меѓу другото Османи.

Во однос на економската соработка, Османи оцени дека таа заостанува зад блиските политички односи, со оглед дека трговската размена изнесува околу 200 милиони евра.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на првата официјална посета на  Северна Македонија,  министерот Хасани, како што е најавено, ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Tags: АлбанијаСеверна МакедонијаХасани
Next Post

Постојаната обвинувачка реторика е сигурно пропаѓање на општеството: Како се јадеме самите себеси?

Најново

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk