ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Несогласувања во ЕУ околу дефиницијата на силувањето

January 17, 2024 09:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку невладини организации за заштита на правата за жените ги обвинија Германија, Франција и Холандија за блокирање на утврдувањето на единствена европска дефиниција за силувањето во новата законска регулатива на ЕУ за борба против насилството врз жените.

Европската комисија во 2022 година, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, предложи Директива за борба против насилството врз жените во Европа, со цел да ги заштити од родово базирано насилство, принудни бракови, осакатување на женските гениталии, сексистичко кибер малтретирање и присилна стерилизација.

Меѓу останатото, со предлогот се предвидува и воспоставување на единствена дефиниција за силувањето во Европа, усогласување на казните за силувачите меѓу 27-те земји членки и подобра заштита на жртвите.

Според предлогот на ЕК, силувањето се дефинира како сексуален чин без согласност и тој се смета за кривично дело. Со ваквиот предлог се согласи и Европскиот парламент, но за него нема согласност во рамките на Советот на ЕУ, односно меѓу членките на Унијата, поради што усвојувањето на Предлог-директивата е заглавено речиси две години. Последен обид за надминување на разликите имаше за време „тријалогот“ на 13 декември минатата година, но не беше постигнат напредок.

Следната рунда преговори е предвидена за кон крајот на февруари, при што за усвојување на дрирективата нема да биде потребен консензус, туку квалификувано мнозинство во рамки на Советот на ЕУ, што сепак не би било можно без поддршка од Германија и Франција.

Поради ова, организациите за заштита на правата на жените се скептични дека директивата би можела да биде усвоена за време на белгиското претседавање со ЕУ во текот на првите шест месеци од оваа година.

Претставничката на Меѓународната федерација за планирано родителство (ИППФ), Камиј Бутан ги обвини Германија, Франција и Холандија, кои се сметаат за попрогресивни во врска со родовите прашања, дека „играат во прилог на ултраконзервативните држави“, застанувајќи на страната на Бугарија, Естонија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка, кои се противат на предлогот на ЕК.

Противниците на предлогот на Еврокомисијата, се повикуваат на мислење на правници дека со „криминализацијата на неконсензуалните сексуални односи, ЕУ ќе ги надмине своите правни надлежности“.

Во момнетов силувањето не е вклучено во листата на европски кривични дела наведени во член 83 од Договорот за функционирање на Европската Унија, како што се корупцијата, тероризмот или сексуалната експлоатација, чие санкционирање е во надлежност на ЕУ.

Во француското законодавство во дефиницијата на силувањето не е вклучен поимот „согласност“, туку тоа се дефинира како „сексуална пенетрација од секаков вид извршена со насилство, принуда, закана или ненадејно“.

Во Холнадија, пак, во тек се измени на кривичното законодавтсво со кои во дефиницијата на силувањето ќе биде вклучен и поимот согласност, но холандската Влада смета дека судењето и пресудите за сексуални злосторства и насилство не треба да бидат во надлежност на ЕУ.

Што се однесува до Германија, нејзиното закондавство при дефиницијата на силувањето делумно го вклучува и поимот согласност, но земјата го поддржува аргументот „за пречекорување правните надлежности од страна на ЕУ“.

Инаку, дефиницијата за силувањето во Предлог-директивата на Еврокомисијата се базира на Истанбулската конвенција, која Франција, Германија и Холандија веќе ја ратификуваа.

Според податоците на Францускиот национален институт за статистика и економски студии (ИНСЕЕ), секоја година во ЕУ се евидентираат над 100.000 силувања, при што секоја петта жена претрпела физичко или сексуално насилство од страна на партнер или пријател, а три од десет жени од член на семејството.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „силување“дефиницијаЕУнесогласувања

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Дали по „раскинувањето“, Трамп ќе го депортира Елон Маск?

July 2, 2025

Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

July 2, 2025

Пензионираните пилоти на „ер тракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk