Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев синоќа на заедничка средба во Скопје, како што дознава МИА, разговарале за дефинирање на стратегијата за настап на изборите и за сите опции на европскиот фронт.
Извори за МИА посочуваат дека е разговарано за заеднички пристап кон европската опција од која нема отстапки и дека е дефинирана насоката за конкретна стратегија за очекуваната успешност. Нема прецизни информации и детали за разговорите, но нашите извори велат дека под конструктивен пристап се подразбира и опција за заеднички настап и за консензуален претседателски кадидат на претстојните избори.
На средбата биле отворени сите опции за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Средбата, како што претходно брифираа извори од СДСМ, поминала во конструктивна и позитивна атмосфера.