ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ – Суперти: Европскиот напредок на државата е реалност

January 23, 2024 12:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања на средбата се разговарало за успешно завршениот скрининг процес, за спроведувањето на Планот за раст, одлучноста на двете страни за упорно работење со цел пристапување на државата во ЕУ, реализација на реформската агенда, како и поддршката која Европската Комисија постојано ја дава за Северна Македонија.

Во таа насока, вицепремиерот Маричиќ изразил очекување за натамошна поддршка од европските институции за реформската агенда и процесите кои се пред нас на патот кон ЕУ, укажувајќи дека тоа е ќе придонесе да го задржиме европскиот курс на државата, и на стабилноста на целиот регион.

Директорката Суперти истакнала дека посветеноста и стратегијата за вклучување на Европската Комисија за проширување на унијата со земјите од Западен Балкан е важна политика за регионот и продолжува со максимално темпо.

-Планот за раст е инструмент за забрзување на клучните реформи, развој и поддршка на економиите на земјите од Западен Балкан, со цел напредок и реализација на стратешката цел за пристапување во ЕУ, истакнала таа.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодарил за континуираната поддршка и одличната соработка со европските институции, потенцирајќи дека институциите ќе продолжат посветено да работат на евроинтеграциите, се до постигнување на крајната цел, полноправното членство на државата во ЕУ.

На состанокот присуствувале и државната секретарка на Секретаријатот на европски прашања, Дрита Абдиу Халили и претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. 

Tags: Бојан МаричиќВалентина СупертиЕУ
Next Post

Белгија ќе и обезбеди на Украина 611 милиони евра од каматите на запленетиот руски имот

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk