ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јоурова: Идејата секоја членка на ЕУ да има еврокомесар е „многу проблематична“

January 23, 2024 11:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Идејата секоја земја членка на ЕУ да има свој еврокомесар е „многу проблематична“, имајќи предвид дека и сега со 27 еврокомесари, Европската комисија е „на границите“ на функционалноста, а работите би се усложниле дополнително по приемот на нови членки и кога би имале Унија од 35 држави, смета потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова.

– Веќе постои организација со извршни потпретседатели, потпретседатели, обични комесари. Оваа поделба на ресори некаде се преклопува и моравме да научиме да се справуваме со тоа. Би рекла дека сме на границата на она што е функционално остварливо, изјави Јоурова во обраќање на панел-дебата во Прага, организирана по повод 20-годишнината од членството на Чешка во ЕУ.

Според Јоурова, прашањето за реформи во механизмите на ЕУ станува уште поитно, особено во пресрет на очекуваното ново проширување на блокот предвидено за до 2030 година.

Дополнително поврзано со проширувањето, смета Јоурова, е и потребата за промена во начинот на донесување одлуки во ЕУ, со строго ограничување на консензуалното одлучување и правото на вето само за „тесен круг на клучни егзистенцијални прашања за кои државата што става вето треба да докаже дека има многу силен национален интерес за тоа“.

Според неа, ова од причина што некои земји би можеле да го користат ветото за уцени, барајќи отстапки или бенефиции во области кои воопшто не се поврзани со одлуката што ја блокираат.

Со ваквата идеја на Јоурова, која доаѓа од чешката партија Акција на незадоволни граѓани (АНО), членка на либералната група Да ја обновиме Европа, се согласуваат и Европската народна партија (ЕПП), во чија Програма за изборите за Европарламентот во јуни се предлага „промена на принципот на консензус при носењето одлуките за надворешната и одбранбената политика со гласање со квалификувано мнозинство“, како и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), која се залага за укинување на правото на ветото со цел да не им се дозволи на земјите членки да ја користат ова можноста за пазарење.

Но, од друга страна, наспроти ставот на Јоурова околу гломазноста на Европската комисија, ЕПП во Изборниот манифест предвидува воведување на еврокомесари и за мали и средни претпријатија, за рибарство, како и за одбрана.

Актуелната Еврокомисија има осум потпретседатели, од кои тројца се извршни потпретседатели одговорни за Европскиот зелен договор, за дигитализацијата и за економијата, а останатите петмина координираат конкретните политички приоритети.

Со Лисабонскиот договор на ЕУ, што стапи во сила на 1 декември 2009, беше предвидено бројот на еврокомесари да изнесува две третини од бројот на членки со нивна ротација во текот на мандатот на Европската комисија, но лидерите на Унијата сепак решија уште на стартот да ја променат оваа одредба и секоја земја да има по еден еврокомесар.

Tags: ЕУЈурова
Next Post

Салах надвор од терените 3-4 недели поради повреда

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk