ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во тесна предизборна националистичка битка во Чашка, на сметка на децата – жртви на политиката

January 25, 2024 13:36
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учебната година во општина Чашка продолжи исто како што заврши – со инциденти и бојкот на наставата. ЦИВИЛ со внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со инцидентите во општина Чашка, при што во неколку наврати реагирала полицијата, кога група граѓани се обидоа физички да ја нападнат, односно да ја линчуваат директорката на основното училиште „Тодор Јанев“, Елена Николова, бидејќи се против отворање паралелка на албански јазик.

Меѓутоа, демонстрантите во Чашка не се само против отворање паралелка на албански јазик, туку не ги сакаат ниту медиумите кои известуваат на албански јазик. Новинарска екипа на телевизија Алсат на 24 јануари 2024 била нападната и грубо спречена да ја врши својата работа за време на протест пред Општина Чашка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски на 23 јануари 2024 година одржа состанок со родителите на учениците, жителите на Чашка во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пришто ги поттикна да продолжат со бојкотот на наставата.

Утредента, на 24 јануари, (денот кога беше нападната екипата на Алсат), пратеникот Здравковски се пофалил дека е на првиот ред и дека ги координира протестите во Чашка.

Плодно тло за собирање политички поени и ширење национализам во Чашка најде и опозициската партија Левица, односно пратеникот Борислав Крмов и советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, на (23.01.2024) учествуваа на протестот во Чашка кои заедно со жителите се борат, како што велат од партијата, „против великоалбанската агенда“ и притоа се судрија со полицијата недозволијќи и на директорката на ООУ „Тодор Јанев”, Елена Николова да влезе во училиштето.

Паратеникот на Левица, Борислав Крмов, на протест против отварање паралелка на албански јазик во Чашка / 23.01.2024

Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ ја отвори темата со панел дискусија на 14 декември 2023 година, насловена: Ослободи го умот: Чашка – предизборни националистички сценарија, во која претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, истакна дека одредени политички ентитети, во недостаток од политичка понуда за подобар живот на граѓаните, ќе понудат национализам. Исто така ќе обработуваат за Кремљ против нашиот евроски пат.

Дерала најави и дека во овој предизборен период може да се очекува пораст на меѓуетничките тензии кои ќе ги предизвикаат политичките ентитети во нашата земја, во обид да добијат политички поени, односно да ја мобилизираат гласачката машинерија која има националистички ставови и пристапи кон процесите на нашата земја.

„Тие ќе се обидат да внесат немир и страв во јавноста, меѓу луѓето. На тој начин, тие ќе придонесат и кон одбивање дел од гласачите, односно ќе работат на тоа да се намали излезноста на гласачите, бидејќи луѓето ќе бидат исплашени да излезат да го дадат својот глас, за разлика од политичките ентитети кои имаат дисциплинирана гласачка машинерија“, вели тој.

Дерала додаде и дека случајот Чашка нема само изборен контекст, туку и дека треба да се гледа и во контекст на безбедноса и стабилноста на нашата земја, особено во поглед на евроатлантските интеграции.

Новинарот Зоран Иванов рече дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, со својот потпалувачки, националистички и предизборен говор, (на 24 ноември 2023 година) всушност се обиде да стане „херој на хероите на националистичкиот коњ“.

„Ова е класична политизација на група родители и класична злоупотреба на родителите и учениците за политички цели. Овој потпалувачки говор на Здравковски нека му служи на чест! – рече Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат тесна предизборна начионалистичка битка кој да ги добие гласови во Чашка, на сметка на децата кои станаа жртви на политиката.

ЦИВИЛ уште еднаш апелира до родителите да им кажат на политичарите дека не се пожелни такви идеи, бидејќи Македонија е цивилизирана, демократска, европка држава со свои соништа. Насилството треба решително да се отфрли, а институциите да се охрабрат да го спроведат словото на законот.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

July 7, 2025
Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk