ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започна Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ

January 25, 2024 11:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел денеска започна Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството, чија задача е да воспостави заедничка визија за иднината на земјоделскиот и прехранбениот систем на Европската Унија.

Во обраќањето на стартот на форумот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека целта на Стратешкиот дијалог е да креира јасна визија за иднината на земјоделството, која ќе биде во корист на сите.

– Сега е време да се постигне нов консензус за храната и земјоделството меѓу земјоделците, руралните заедници и сите други актери во агро-прехранбениот систем на ЕУ, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека земјоделците и прехранбената индустрија им обезбедуваат здрава и висококвалитетна храна на европските граѓани и имаат значаен придонес за економијата на ЕУ, особено во руралните области.

– Тие, исто така, прават огромни напори да придонесат за нашите колективни зелени и дигитални транзиции, но во исто време се соочуваат и со широк спектар на предизвици, кои се движат од климатските промени и инфлацијата, па до нестабилните влијанија на пазарот, додаде Фон дер Лајен.

За претседавач на Стратешкиот дијалог е избран универзитетскиот професор Петер Штрошнајдер, кој од 2020 година е претседател на германската владина Комисија за иднината на земјоделството.

Тој во обраќањето пред присутните на собирот нагласи дека Стратешкиот дијалог ќе се посвети на „усогласување“ на земјоделството и заштита на природата, на тој начин што тие „ќе одат рака под рака“.

– Убеден сум дека е можно разумно балансирање на економските, еколошките и социјалните аспекти на целиот прехранбен систем на начин што ќе ја земе предвид широката разновидност на ова поле. Со нетрпение очекувам да работам заедно со сите учесници во Стратешкиот дијалог, истакна Штрошнајдер.

Отпочнувањето на Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството Фон дер Лајен го најави во ланското обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред Европскиот парламент.

Идејата на неговото организирање е да се осврне на предизвиците, но и на можностите со кои се соочуваат земјоделците и руралните заедници, како што се обезбедување подобар животен стандард, поддршка на земјоделството во насока на зачувување на екосистемите, искористување на можностите што ги нудат науката и технолошките иновации или промоција на просперитетна иднина на прехранбениот систем на ЕУ во услови на зголемена конкурентност во глобални рамки.

Во Стратешкиот дијалог се вклучени клучните чинители од целиот систем на земјоделството и производството на храна – земјоделците, земјоделските задруги, земјоделско прехранбената индустрија, руралните заедници, невладините организации и граѓанското општество, финансиските институции и академската заедница. Во Дијалогот ќе бидат вклучени и претставници на Советот на ЕУ и Европскиот парламент, а дополнително претседавачот Штрошнајдер има обврска редовно да ги информира овие две институции за резултатите од Дијалогот и да разменува мислења со нив.

Во рамки на дијалогот во првата половина од годинава ќе се одржат серија тематски состаноци, со цел да се дојде до нови решенија и до летните месеци да се усвои заедничка визија за иднината на земјоделскиот и прехранбениот сектор на ЕУ.

Tags: ЕУземјоделствоСтратешки дијалог
Next Post

Високи извори од СДСМ ја потврдуваат веста на „Фронтлајн“ од 11 декември, Маричиќ прв вицепремиер на местото на Груби

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk