Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи смета дека пратениците ќе го донесат законот за нефер трговски практики.
Како што изјави денеска, Собранието работи ефективно до почетокот на април.
Тој апелира пратениците да ги донесат и останатите закони кои се во процедура подолго време.
-Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните. Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време, истакна Битиќи пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.