Мицкоски најавува хорор и влечење за коса, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата ниту за граѓаните и дека тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии.
Од друга страна се СДСМ и Ковачевски кои гарантираат безбедност, стабилност, демократија, слобода и европска иднина на сите граѓани со поголеми плати и пензии, со поголем живтен стандард. Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори
На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.